„ Batmobile е автомобилот на легендарниот суперхерој на DC Comics, Batman – кој за разлика од неговиот сопственик, со текот на годините доживува постепени, еволутивни промени.“
Колата се менува паралелно со промената на медиумот во кој Batman се појавува – стрип, ТВ серијал, филм! Чуван во Bat-пештерата, која има скриен влез, Batmobile-от е возило опремено со секакви технолошки додатоци, кое Batman го користи во своите активност во борбата со криминалот..
Batmobile од 1960г.
Batmobile од 1997г. – од филмот “Batman & Robin”
Последниот Batmobile, направен 2005г.
Batman прв пат се појавува со автомобил во “Detective Comics” #27 (Мај, 1939). Лимузината беше едноставно позната како „неговиот автомобил“. Наскоро почна да добива карактеристики и особини со напреден лилјак-мотив, со специфични крилести опашки. Во раните стадиуми на кариерата на Batman, тој го модифицираше batmobile-от со додатно оружје и го прилагодуваше со технолошки напредни додатоци, со што го претвори во сјајна елегантна улична машина. Со текот на годините, Batmobile-от помина низ многубројни инкарнации, и како што врвната (state-of-the-art) технологијата напредуваше, автомобилот мораше да се менува за да остане чекор напред со придобивките и погодностите на истата