„Во дневните дози на уметност кои ги постираме , овој пат се решивме за нешто малку поинакво – сé со цел да ја задоволиме разновидноста на вашиот рафиниран вкус за естетика.“
Станува збор за еден дигитален метод на визуелно изразување, наречен Vector illustration. Овој стил претставува нов начин на изразување на креативноста и на материјализирање на инспиративните идеи, со помош, поточно стриктно со користење на компјутерски алатки.
Ова претставува нов начин на компјутерска анимација (за кој во наредна прилика ќе пишуваме поопширно), но кој го прифаќаат се повеќе артисти низ целиот свет. Овој пат ќе ви ги прикажеме делата на Genaro De Sia Coppola, уметник базиран во Barcelona, Venezuela. Неговите дела претставуваат визуелна комбинација од умерена и стилизирана еротика во Pop-Art стил, и точно дозирана психоделија, што по малку потсетува на New York-шката сликарска школа од втората половина на ’70-тите и ’80-тите години на минатиот век. Верувам дека неговата работа ќе ви се допадне…….