Реклама
Култура[тор]

Струмица под маски

Реклама

„ На 8-ми Март, во Струмица на улица, се одржа овогодинешнава највозбудлива манифестација.“ Струмичкиот карневал и оваа година ги собра лугето од земјава и странство да поминат незаборавна вечер под маски. Ритамот на срцата бие како војнички барабан, улиците блескаат во боите на Холивуд, а еуфоријата не ве остава рамнодушни, туку прави да се чувствувате весели, расположени и за момент да заборавите на секојдневните грижи.

Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија . Тој е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери . Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки .
Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните, девојките треба да го препознаат својот вереник . До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал , а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување , но по неколку годишна успешна организација , организираната форма е укината , но без разлика на се, тој продолжил да се одржува спонтано .
Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот на Струмичкиот Карневал .
Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асоцијација на карневалските градови FECC а во 1998 година беше домакин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови . Како резултат на соработката со оваа асоцијација воспоставена е соработка и размена на групи со повеке земји .

Маркетинг

Таа ноќ под маски вклучува не само учесници на долгогодишната манифестација, туку и сите оние кои го гледаат самиот карневал. Мали и „големи“ деца маскирани со најразлични маски, дефилираат по Струмичките улици, танцувајќи, пеејќи, јадејќи сендвичи, шеќерна волна, или пиејќи некаков алкохол да се згреат и го стават студот во втор план, како што и оваа година  ниските температури – под нулата – не ги спречија Струмичани и гостите од земјава и странство да присуствуваат на оваа незаборавна ноќ. 

Маркетинг

Секоја година Струмичкиот Карневал е оригинален и незаменлив, со свои предности и недостатоци. Ниските температури не треба да се земаат во предвид кога зборуваме за есенцијалните вредности. Според наше мислење, овогодинешниот карневал беше квалитативно на пониско ниво од порано низ годините. Не знаеме дали се должи на исцрпеност на идеи, или пониско ниво на креативност, или едноставно учесниците се труделе да претстават идеи кои би биле привлечни за пошироката јавност, во секој случај крепејќи се на традицијата, карневалот се одржа според утврдените правила. 

Каков – таков, карневалот претставува предизвик за сите луѓе да дојдат и да го посетат. А она што секому му е доста важно, барем на популацијата од помладите генерации, е забавата после тоа и ноќниот живот. Преполни дискотеки, кафичи, ресторани, улици преполни со тезги за јадење и пиење, а луѓето како атомски мравки се туркаат едни со други за да можат што повеќе да прошетаат и да се забавуваат. Неодминлив беше и прекрасниот Струмички парк кој беше преполн од посетители. За да ви помогнеме да ја доловите атмосверата на таа вечер, ние се потрудивме да ви прикажеме фоографии од минатогодишниот карневал. А за 2011-от 8-мо Мартовски карневал, редакцијата на Штипка ви подготви посебна галерија со фотографии од маските и забавата после карневалот каде ќе може да се видите доколку сте присуствувале, или пак не сте, а сте заинтересирани како поминал Струмичкиот Карневал во знакот на жената…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button