„Фронтменот на Aerosmith ја одби поканата да пишува музика заедно со Jimmy Page, поради лојалноста кон својот бенд.“
Steven Tyler беше поканет да им се придружи на Led Zeppelin и да работи на албум со нив, откако Robert Plant реши да не се враќа во бендот. Имаше озборувања дека всушност тој прифатил да им се придружи, но дека подоцна бил изгонет поради несериозноста.
Анонимни извори кажуваат дека Steven му кажал на Howard Stern: „ Зборев со менаџерот на Jimmy, Peter Mench, кој ми е добар пријател со години и тој ми кажа дека Robert нема да свири со нив, па ми предложи јас да го заменам. Отидов и посвирев со момците, па така сега, не само што имам пеено со Paul McCartney, туку свирев и со Led Zeppelin. Се чувствувам како да сум на небо!“
Понатаму додава дека ја одбил понудата на Jimmy веднаш кога му била кажана. „Го погледнав Jimmy во очи и дојде време кога ми кажа ’Сакаш да напишеш еден албум со мене? ‘ – а јас одговорив – ’ Не, јас сум во Aerosmith‘. Тој е член на најголемиот бенд во светот, но јас сум дел од Aerosmith, мојата лојалност кон нив е неограничена и многу сум горд на тоа.“, завршува Steven Tyler.
Минатата година Jimmy Page изјави за Classic Rock дека искуството од свирењето со Tyler му било неудобно – „Пејачот беше поканет на свирка, но никаков материјал за него не беше спремен, а тој се појави без да го знае материјалот на Led Zeppelin.“
Во меѓувреме, Tyler информира дека Aerosmith ќе започнат со работа на нов студиски албум уште овој викенд. „Пишуваме нови ствари веќе некое време – Joe Perry има нови гитарски солажи, а јас пишувам нови текстови.“
Меѓу другото, Steven Tyler работи во полна пареа на промоцијата на The New American Idol, каде што е еден од славните судии.