„За разлика од првото дело Нова Америка (“New Amerykah Part One: 4th World War”) новиот албум е повеќе свртен кон Ерика отколку кон Америка, Ерика се занимава самата со себе, глобалните проблеми и новиот светски поредок повеќе не се важна преокупација за неа.“
А себе си Ерика се гледа како помалку луда, несовршена, но секако прекрасна – на тој начин праќајќи порака како сите луѓе, особено женскиот пол, треба да се доживува себеси.
Во овој албум Ерика се враќа на soul ритамот од почетокот на нејзината кариера, hip-hop-от од минатиот албум се чувствува сосема малку, само на одредени моменти. Песните просто како да ве лулаат, а Ерика со својот назален вокал пее за лични теми, машко-женски односи и недостижниот внатрешен мир.
Во “Window Seat” Ерика сонува за бегството од секојдневните обврски и улоги иако свесна дека неможе без своето семејство и луѓето кои се нераскинлив дел од нејзиниот живот.
Песните се главно со среден или бавен ритам, со минималистички бит и џез клавијатури и на моменти недовршен groove, како во “You Loving Me”. Исклучок е “Turn Me Away (Get Munny)” во која Ерика игра саркастична улога на девојка која е во постојана трка за пари и слава.
“New Amerykah Part Two: Return Of The Ankh” можеби нема да ве освои од прва, но доколку му се препуштите тој ќе има апсолутно релаксирачки ефект врз вас, додека Ерика пее за двете основни човеков емоции љубовта и стравот, времето ќе ви помине слатко и лесно.
1. 20 Feet Tall
2. Window Seat
3. Agitation
4. Turn Me Away (Get MuNNY)
5. Gone Baby, Don’t Be Long
6. Umm Hmm
7. Love
8. You Loving Me
9. Fall In Love (Your Funeral)
10. Incense
11. Out My Mind, Just In Time