Реклама
Култура[тор]

Toy Story III

Реклама

„Стигна третото продолжение на приказната за играчките, со кое студиото Pixar уште еднаш потсетува на новите стандарди во анимацијата. “

Andy се подготвува за заминување на колеџ и неговите играчки одеднаш се наоѓаат во игротека. Woody и Buzz  се расправаат околу тоа дали треба да останат или треба да побегнат. Соочени со неспремноста на малите детски рачиња кои сеуште не знаат како да се однесуваат со играчките, останатата дружина на Ендиевите играчки одлучува да побегне. Со растењето на Andy, всушност порасна и приказната за играчките и прерасна во вистински акциски филм за деца. Можеби некому филмот ќе му се причини како малку развлечен, меѓутоа тој впечаток се губи потполно со фасцинацијата од 3D технологијата и анимацијата кои исто така го надраснаа првото издание на приказната за играчките.
Без сомнение е моментално најдобар 3D анимиран филм кој не само децата туку и возрасните ќе ги држи приковани за седиштата од првата до последната минута. Играчките, како и анимациите воопшто, не биле никогаш толку карактерно и реално отсликани. Треба да се спомене и дека крајот на филмот остава можност и за четврто продолжение за приказната на играчките.

Што се однесува до режисерската работа, режисерот Lee Unkrich се покажа како одличен избор токму заради неговото претходно искуство во филмовите – „Барајќи го Немо“ како и „Приказна за играчките 2“.

Маркетинг

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button