Овие фотографии некогаш беа највеселите, а денес се НАЈТАЖНИТЕ што Панчо ги има објавено (фото)
Непребол...

Тажната вест за смртта на Панчо го растажи регионот
И денес на социјалните мрежи можат да се прочитаат тажни пораки со кои многумина се збогуваат од пејачот Владимир Блажев-Панчо, еден од фронтмените на групата ДНК.
Во страшната несреќа што се случи на 16 март во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани згаснаа животите на 63 лица.
Инстаграм
Таа кобна ноќ ДНК имаше настап, а покрај Панчо кој по седум месеци тешка борба им подлегна на повредите загина и неговиот пријател и колега Андреј Ѓорѓиески со кого го основаше бендот.
Покрај нив во страшната несреќа згаснаа животите на уште шест други членови на бендот и нивни соработници: гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, клавијатуристот Филип Стевановски, инаку директор на Центарот за култура во Штип и Мартин Атанасовски, кој настапуваше со бендот како битбоксер, како и фотографот Александар Ефремов кој беше со нив речиси на сите нивни настапи.
Инстаграм/ Панчо
И токму со сите нив на официјалниот профил на Панчо на Инстаграм стојат неколку заеднички фотографии.
Имено Панчо речиси секојдневно споделуваше снимки и фотографии од нивните заеднички настапи, но на овој начин и комуницираше со обожавателите, а знаеше да побара и помош од сите кога ќе започнеше некоја хуманитарна акција, за да помогне некому.
Инстаграм/ Панчо
Но овој пат станува збор за фотографии на кои се сите членови на бендот, од кои повеќето загинаа во страшната несреќа.
Панчо овие фотографии ги сподели во пресрет на Нова година 2024, само неколку месеци пред да се случи трагедијата.
Еве што напиша тогаш тој:
„Драги наши, традиционално би сакале да се одјавиме за 2024та, и воедно да се заблагодариме на Бога, но и на сите вас кои ни дадовте неизмерна љубов и поддршка низ целата година.
Инстаграм/ Панчо
Без вас не би биле тоа што сме.
На работен план, годинава беше дефинитивно најплодна за ДНК. Годината ја завшивме со точно 64 концерти со што поставивме нов личен рекорд“, напиша тогаш Панчо на својот Инстаграм, па продолжи:
Инстаграм/ Панчо
„Извадивме три сингла: “Животе Брате”, “Амајлија” и “Чаршија”, а во новата очекувајте многу нови синглови и соработки, но и еден голем проект кој е многу битен за нас но и за македонската музика, со кои сме убедени дека никој нема да остане рамнодушен.
Инстаграм/ Панчо
Секој ден сме благодарни што ја работиме работата што ја сакаме. Благодарни сме на нашиот брат, другар, продуцент и трет член на ДНК, Лазар Цветкоски без кој не би ги имале сите овие бројки и успеси. Благодарни сме на сите вас што ни давате искрена љубов, а најблагодарни сме на нашите деца Андреја, Марјан и Јана што секојдневно не потсетуваат како треба да бидеме подобри луѓе“.
Инстаграм/ Панчо
„Со одјавуваме за 2024, ви посакуваме среќни и спокојни празници, и воедно на сите ви посакуваме да сте живи и здрави пред се, но и она што си го посакуваме сами на себе да ви се оствари на сите вас. Среќна Нова, Живели!“, пишува во објавата на Панчо.
Објавата на Панчо погледнете ја тука >>
Бонус видео
Познатата пејачка се присети на последната средба со Сара Пројковска: Беше голем човек и прекрасна жена