Нема да ви се верува колку чини овој детаљ на Лила – водителката не штеди пари кога е мода во прашање
Познатата водителка со ова издание им го украде шоуто на социјалните мрежи на многу помлади дами од неа

Некои за да купат една ваква чанта треба да штедат со години
Познатата водителка Лила Филиповска привлече големо внимание со една од своите последни објави на Инстаграм.
Но покрај нејзиното феноменално издание во фокусот беше и скапоцената чанта што ја носеше во рацете.
Принтскрин/ Јутуб, Сител
Имено, Лила е голема обожавателка на скапи чанти, така што за овие модни додатоци не штеди пари и има раскошна колекција.
Таа овој пат позираше со луксузна Луј Витон чанта која што ја држеше во рацете и која одлично ја вклопи со останатите детали.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Под објавата следуваа бројни коментари, а сите се согласни дека Лила во ова издание изгледа неверојатно добро.
Некои ја коментираа и скапата чанта, посебно што станува збор за еден од омилените брендови на многу дами.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Инаку, овој модел на чанти од популарниот бренд веќе со години е хит, а може да се најде по цена од 1500 до 2500 долари.
Но како јавна личност и дама која важи за една од најстилизираните жени во нашата земја, не е воопшто чудно тоа што Лила вложува големи пари во модните додатоци и облеката што ја носи.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката очигледно не жали пари кога е изгледот во прашање, а привлекува внимание и со сите останати детали.
Како изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Лила Филиповска
Потсетуваме, Лила веќе со години ја гради својата успешна кариера, па парите што ги заработува отсекогаш паметно ги вложувала.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И како една од најпознатите водителки, таа може да си дозволи, но и заслужува вакви луксузни чанти, нели?