Оваа Македонка и на 52 години изгледа неверојатно – по разводот живее сама, мажите ги спобудалува
Мелита Ракичевиќ и денес мами воздишки, а вистинска убавица е и нејзината ќерка Барбара

Мелита Ракичевиќ (51) веќе со децении се смета за една од најзгодните, но и најпровокативните дами на нашата јавна сцена.
Таа иако веќе одамна не е на малите екрани, на социјалните мрежи е речиси постојано присутна и со своите објави често знае да ги изненади обожавателите, посебно од машкиот пол.
Мели тоа го направи и сега покажувајќи дека и во шестата деценија од животот изгледа како милион долари.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Таа својот добар изглед го должи на гените, но и на редовната нега и грижа, како и на тренинзите и здравата исхрана.
Но затоа таа не пропушта пригода да го истакне својот шарм, па така сега сподели снимки од кои на многу мажи нема да им биде добро.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Таа позираше во провокативно издание во својот дом, па уште еднаш покажа зошто важи за мошне атрактивна дама.
Носеше хулахопки од црна тантела и максимално кусо фустанче, така што го истана своето згодно тело на кое нема ни грам вишок.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
И додека мажите веднаш почнаа да ја посипуваат со комплименти и коментари, многу дами се прашуваат како на Мелита и успева со децении да остане речиси непроменета.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Од друга страна има и такви што ја критикуваат, но едно е сигурно – Мелита, која наскоро треба да го прослави својот 52 роденден, се уште знае како да предизвика бура од реакции и на Инстаграм, а таква беше и во минатото, додека беше сеприсутна на малите екрани.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Потсетуваме, Мелита долги години беше во брак со познатиот скопски угостител Владимир Соме Ракичевиќ.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Тие беа заедно 20 години за кои поранешната водителка вели дека се преубави, а во една пригода откри и дека го „фатила на дело“.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Тие и по разводот останаа во одлични односи, а плод на нивната голема љубов е нивната ќерка Барбара Ракичевиќ.
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Инстаграм/ Мелита Ракичевиќ
Колку Барбара личи на својата мајка, но и зошто важи за една од најубавите пејачки од помладата генерација, откријте тука.