И Македонија има своја Хурем – оваа наша пејачка ја има најубавата црвена коса, остава без здив
Прекрасна дама

Нејзината коса не може да помине незабележано
Многумина кога ќе ја видат со препознатливата црвена коса веднаш ја споредуваат со турската актерка Мерјем Узерли, позната по улогата на Хурем во популарната серија „Сулејман Величествениот“.
И како и турската Хурем, и нашата пејачка често објавува фотографии на кои изгледа мошне привлечно и сите ги освојува.
Инстаграм/ Бранка Соколовска
Да, во прашање е пејачката Бранка Соколовска која е дел и од веселата екипа на Мерак меана, емисија во која често гостува.
Но за разлика од турската Хурем и нејзиниот султан, за љубовниот живот на пејачката многу малку се знае.
Инстаграм/ Бранка Соколовска
Во една пригода откри дека е вљубена, но во музиката, а во врска со нејзиниот имиџ и црвената коса, Бранка вели:
„Бојата ми прилега на карактерот и сега за сега не планирам да ја менувам“, откри Бранка во една пригода за Гламур.
Инстаграм/ Бранка Соколовска
Таа тогаш откри и дека досега нема направено естетски корекции, но и дека ги разбира жените што одлучиле да направат некоја промена на своето тело, додека таа има само пополнета усна со хијалурон.
Инстаграм/ Бранка Соколовска
Потсетуваме, Бранка пред неколку години си ја проба среќата во „Ѕвездите на Гранд“, а нашата јавност ја памети и по шоуто „Вашите 5 минути“, на легендарниот Драган Вучиќ.
Инстаграм/ Бранка Соколовска
И како што самата вели таа никогаш не држела диета, а од нејзините фотки може да видиме дека секогаш е во топ форма.
Како изгледа оваа наша распеана дама која е позната и како една од најубавите во Мерак меана, погледнете во продолжение: