Наши ѕвезди

Погледнете како изгледала Кате од „Нели ти реков“ во најубавите години, овој детаљ и денес е ист (фото)

Беше и остана една од најубавите

Advertisement

И денес изгледа преубаво, годините не и можат ништо

Катерина Танева Ѓорѓиев е една од најпознатите македонски фолк-пејачки, позната и како Кате „Нели ти реков“.

Advertisement

Имено, Катерина долго време настапуваше со овој бенд, а на сцената е присутна од 1992 година и зад себе има бројни хитови.

Принтскрин/ Јутјуб

Таа во деведесеттите важеше за една од најубавите пејачки, но и гордо го носеше епитетот „македонскиот славеј“.

Advertisement

Нејзините песни беа големи хитови, а публиката секогаш ги следеше нејзините настапи и гостувањата по телевизиите.

Принтскрин/ Јутјуб, Цветници

Но и години подоцна, многу се нема променето, така што Кате и денес плени со својата убавина и шарм, па многумина за пејачката велат дека изгледа како времето да застанало за неа и дека блеска и денес.

Принтскрин/ Јутјуб

Некогаш и сега

Овие денови на интернет се појави и една стара фотографија од младоста на Кате на која е со колегите музичари од „Нели ти реков“.

Беше објавена на една Фејсбук страница ВБУ Музички регистар, а на неа Кате е со својата препознатлива фризура, на која со години и остана верна, но и во облека карактеристична за 90-тите години.

Како изгледаше пејачката тогаш, но и како изгледа неколку децении подоцна, погледнете во продолжение:

Песна што и денес е хит

Потсетуваме, еден од најголемите хитови на Кате е песната „Запри дожду“, но таа во текот на својата кариера има испеано преку 100 песни за кои како што сама вели, немало каде доволно да ги промовира.

„Јас имам снимено многу песни. Точна бројка не знам ама се над 100 песни.  Само што кај нас не се доволно пуштани од страна на радио станиците.  Башка многу малку ТВ музички емисии имаме. Едноставно немаме простор каде да се промовираме.  И морам да кажам дека големо разочарување е за нас, што на многу радио станици наместо да ги слушаме оригиналните песни,  слушаме преработки од  нив,  што лично сметам дека не е во ред“, изјави во една пригода познатата фолк-пејачка во интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button