Ова е највкусната пикантна зимница – селски рецепт што не бара многу труд и време
Ако сте љубители на вкусна и пикантна зимница, еве рецепт што се пренесува од генерација на генерација и што мора да го пробате.

Ловечката салата е еден од оние рецепти кои никогаш не излегуваат од мода. Едноставна е за подготовка, а нема кој не ја сака.
Во секоја зимница си има свое место, се подготвува на сличен начин но поедноставен начин од ајварот, и е многу, многу вкусна. Може да биде блага или лута, зависи од вашиот вкус.

Потребни состојки:
1 кг домати
500 г моркови
3 кг пиперки
2-3 врзопчиња магдонос
2 лажици сладок (или лут) црвен пипер
150 г шеќер
2 лажици сол
200 мл масло
200 мл алкохолен оцет
2-3 чешниња лук
лути пиперки (по желба)
Подготовка:
Во голем лонец ставете малку вода и додадете ги морковите исечкани на коцки. Варете околу 40 минути.
Потоа додадете ги пиперките исечкани на ленти и убаво промешајте.
По неколку минути додадете шеќер, сол, сечкан магдонос, масло, оцет, црн бибер, ситно сечкана лута пиперка и источлен (или смелен) лук.
Варете уште 20 минути со повремено мешање.

Ставете ја салатата во стерилизирани тегли, добро затворете ги и покријте ги со крпа или со ќебе. Оставете ги да се изладат на собна температура, а потоа чувајте ги на темно и ладно место.