MAMAДом и семејство

Работи на кои не треба да ги терате децата – ова е тешко да им се објасни на македонските мајки и баби

Детето не смее да се третира како „мал возрасен“, туку како личност која расте во сопствен ритам, нагласуваат психолозите.

Advertisement

Во реалниот живот и родителите грешат, губат нерви, а понекогаш и носат погрешни одлуки. За да си ја олесните барем малку оваа одговорна родителска улога, еве листа на работи на кои не треба да го присилувате вашето дете. А да не зборуваме пак, за бабите кои често го прават обратното.

пекселс

1. Да јаде ако вели дека не е гладно

Лекарите препорачуваат три оброци и најмногу две ужини во текот на денот, но секое дете е различно. Самото тело дава сигнал кога му е потребна храна или вода. Запрашајте се, дали некогаш сте виделе дете што нема да ви побара храна кога е гладно? Одговорот е јасен.

Advertisement

2. Да биде нешто што не е

Ако вашето дете е срамежливо, прифатете ја таа негова карактеристика. Не го терајте насила да се дружи со многу деца ако сака да игра само со еден најдобар другар. Истото важи и за гласните и енергични деца – секој си има свој темперамент.

3. Да се извинува ако не знае што згрешило

Многу често во парковите ќе слушнете родители, па и баби и дедовци, како им велат на децата: „Извини се!“

Но, детето прво мора да разбере што точно направило погрешно. Објаснете му, а потоа оставете го самото да почувствува потреба за извинување.

Advertisement

4. Да мафта со рака на секој што му се насмевнува на улица

Правилото „не зборувај со непознати“ не е залудно измислено. Најважно е децата да знаат дека не секоја насмевка е добронамерна и дека не мора да бидат љубезни со секого.

пекселс

5. Да спие во одвоен кревет ако не сака

Некои родители сметаат дека е „време“ детето да се одвои, но тоа одвојување треба да дојде природно. Дозволете му самото да одлучи кога е подготвено да спие само во својата соба.

6. Да биде на диета затоа што е можеби малку „пополнето“

Здравата исхрана е многу поважна од диетите. Наместо да го ограничувате детето, обезбедете повеќе свежо овошје и зеленчук во домот, а помалку слатки и газирани пијалоци. Така, телото само ќе го пронајде својот баланс.

7. Да го терате да прави нешто за што едноставно не е талентирано

Не се работи за тоа да го воспитувате да се откажува лесно, туку за тоа да најде област во која ќе блесне. Ако не му оди фудбал и покрај месеци труд, можеби ќе биде подобар во цртање, музика или некоја друга активност.

8. Да преспие кај другар или роднина ако не сака

Некои деца едноставно не сакаат да спијат надвор од домот. Сакаат да се разбудат со мајка си и во својот познат амбиент. Почитувајте го тоа чувство на сигурност, ништо не е поважно од детската доверба и мир.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button