БизнисПрепораки

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

Advertisement

Скопје, 24.09.2025 – Дистрибутивниот систем оператор – Електродистрибуција, својот главен фокус во првите шест месеци од годината го стави на дигиталната трансформација и модернизацијата на дистрибутивната мрежа. Само во првата половина од 2025 година, компанијата инвестираше 30 милиони евра во проекти на високонапонско, среднонапонско и нисконапонско ниво.

Преку овие инвестиции, Електродистрибуција обезбедува соодветен развој на дистрибутивната мрежа и намалување на загубите, следејќи ги потребите на корисниците, обезбедувајќи соодветна техничка и стручна подготвеност, брзо и ефикасно приклучување на новите корисници на мрежа и квалитетна услуга на постојните.

Advertisement

ЕВН

Континуираните инвестиции придонесуваат за намалување на техничките загуби, подигнувајќи го нивото на ефикасност на целиот систем.

Посветеноста на Електродистрибуција во создавањето на модерна и ефикасна дистрибутивна мрежа е од посебна важност. Со тоа се овозможува сигурно и непречено снабдување на корисниците и е темел за идниот економски развој на земјата.

Advertisement
Комерцијален текст

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button