Оваа бања е најпосетуваното лекувалиште, а ниските цени ќе ве изненадат – изворите се чудесни
Септемвриската атмосфера носи посебна тишина и удобност, без голем метеж, но со доволно живост за да се почувствува духот на местото.

Скриена меѓу планините Озрен и Ртањ, Сокобања со децении важи за бисер меѓу бањите во целиот регион, и место каде што природата и здравјето се преплетуваат делувајќи на чудесен начин.

Мирисот на боровата шума, свежиот воздух и лековитите извори ја прават да изгледа како да е извлечена од некоја бајка, а реката што минува низ градот дава дополнителен шарм. На крајот на септември и секако во октомври, кога летниот метеж веќе се повлекува, а времето останува пријатно, таа е совршен избор за кратко бегство или подолг одмор.

Она што најмногу изненадува се цените. Додека повеќето бањски центри бараат посериозен трошок, тука сместувањето во приватни апартмани се движи од околу илјада до две илјади денари за ноќевање.
Помалите студија и куќи за повеќе лица се достапни за нешто повисоки суми, но и натаму остануваат во рамки што можат да се дозволат дури и за семејни одмори.

Хотелите нудат дополнителен комфор, со појадок или полупансион, а цените ретко ја надминуваат границата од три илјади денари по човек, што е речиси невозможно да се најде во другите бањски центри од овој калибар.

Сокобања е особено позната по своите шест термоминерални извори чија вода е особено лековита.
Во централното бањско купатило „Амам“ се наоѓаат два термални извора – „Свети Архангел“ со температура од околу 43 степени Целзиусови и „Преображение“, каде температурата варира помеѓу 43,8 до 53 степени. Амамот е исто така познат и како природен инхалаториум, каде што се користат спе цифични природни терапии за лекување на респираторни заболувања.
Во делот познат како Бањица, се наоѓаат два помалку топли извори, со температури околу 27,8 и 28,9 степени, кои се користат за лекување состојби поврзани со нервниот систем.
Бројни ресторани и кафулиња се распослани долж тесните улички и кејот на реката.

Цените за превкусен и богат оброк се движат во рамки од 600 до 1000 денари, а вкусот на локалните специјалитети и традиционалната гостопримливост ја заокружуваат сликата за тоа зошто туристите се враќаат повторно и повторно тука.
Септемвриската атмосфера носи посебна тишина и удобност, без голем метеж, но со доволно живост за да се почувствува духот на местото. Не случајно, минатата година Сокобања ја посетиле речиси 40.000 туристи, меѓу кои и илјадници странци.

Со својата разновидна понуда, лековитата моќ на изворите и природната убавина, Сокобања е место каде што човек може да ги обнови и телото и духот. А кога ќе се споредат цените со стандардите на бањите низ регионот, станува јасно зошто многумина велат дека ова е најдостапниот рај на Балканот. И да, оттука и прочуената изрека која се поврзува токму со оваа бања – доаѓаш болен, заминуваш здрав.