Препораки

Подравка и потрошувачите обезбедија донација за опремување на Средното угостителско училиште „Лазар Танев“

Advertisement

Со предавањето на донацијата денеска официјално беше заокружена општествено одговорната кампања на „Подравка“, преку која заедно со потрошувачите беа обезбедени средства за нова опрема за практична настава во Средното угостителско училиште „Лазар Танев“во Скопје.

Кампањата под мотото „Донираме за училиште без мака и за јадења што секој ги сака“ резултираше со донација во вредност од 6.000 евра, кои училиштето ги искористи за набавка на најнеопходната професионална опрема за готвење и чување храна. Опремата беше избрана според приоритетите што ги посочи училиштето, под водство на директорот Небојша Вуковиќ, како најважни за реализација на наставата.

Во периодот од 15 април до 30 мај, од секој купен производ од селектираниот асортиман на Подравка се издвојуваше по еден денар, а собраните средства беа насочени во фондот за донација. На овој начин компанијата и потрошувачите заеднички придонесоа за подобри услови за едукација на идните професионалци од угостителството.

Advertisement

Освен собирањето средства, во рамките на проектот  беа промовирани и традиционални јадења преку видео рецепти кои ги подготви тимот на најголемиот регионален портал за храна coolinarika.com – како тавче гравче, пастрмајлија, пита со сирење, мусака, полнети пиперки и макало. Целта беше да се поттикнат младите да ја пренесат и зачуваат македонската гастрономска традиција.

Промо

Посебен дел од проектот беше и специјалниот МастерКлас под менторство на професорот Александар Спировски и професорката по слаткарство Лимонка Арминовска. Учениците подготвуваа автентични јадења, а специјални гостинки беа инфлуенсерките Теа Трповска и Теодора Георгиевска („Готвиме со Теа“), кои ја споделија својата љубов кон готвењето и ги мотивираа младите готвачи со порака дека креативноста, трудот и вербата се рецепт за успех.

Advertisement

Мастеркласот заврши со заеднички ручек со децата од Домот „11 Октомври“ – чин на блискост и солидарност. Младите готвачи ги пречекаа како вистински домаќини, им ја покажаа школата и што е најважно – седнаа на маса со нив, споделувајќи храна подготвена со љубов.

Промо

„Во Подравка веруваме дека најголемиот успех е кога создаваме проекти што оставаат трајна вредност за заедницата. Со оваа кампања покажавме дека храната е повеќе од секојдневна потреба – таа е јазик на поврзување и темел за иднината. Горди сме што заедно со нашите потрошувачи вложивме позитивна енергија во создавање подобри услови за образование на идните амбасадори на македонската кујна,“ изјави Ивица Саралиевски, директор на „Подравка Македонија“.

Промо

Подравка, како општествено одговорна компанија, и во иднина ќе продолжи со проекти и поддршка на иницијативи од значење за заедницата, во согласност со својата стратегија за одржливо работење до 2030 година.

Дополнителен поттик за учество во донаторската акција беше и наградната игра што „Подравка’’ ја организираше за време на кампањата. Главната добитничка, Катерина Димитриева од Велес, освои вредносен ваучер од „Сетек“ во износ од 100.000 денари. Со желба да ја продолжи хуманата приказна, таа одлучи да донира 10% од наградата во кујнска опрема за средното угостителско училиштето „Лазар Танев“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button