BEAUTYДиети

Александра Пријовиќ открива како „стопила“ 23 килограми по бременоста – еве ја едноставната формула на успех до вита става

„Имав 23 килограми повеќе. Во текот на бременоста навистина не водев сметка што јадам, не внимавам на количината и на квалитетот на храната,“ искрено објасни Пријовиќ.

Advertisement

Пејачката Александра Пријовиќ на 3 септември во попладневните часови ја доби својата долго посакувана ќерка Ариа. Радоста беше голема, семејството славеше неколку дена, а денес таа со сопругот и нивните две деца ужива во својот дом на Бежаниска Коса.

Покрај моќниот глас и големите хитови, за Александра е препознатлива и нејзината вита линија. A, таа неодамна откри дека по првото породување, кога на свет го донесе синот Александар, се соочила со сериозен предизвик.

Advertisement

„Имав 23 килограми повеќе. Во текот на бременоста навистина не водев сметка што јадам, не внимавам на количината и на квалитетот на храната,“ искрено објасни Пријовиќ.

Бидејќи наскоро требало повторно да се врати на сцена и на настапите, младата мајка одлучила да преземе одлучни чекори. Се обратила на стручно лице – нутриционист кој ѝ изготвил детална програма за исхрана.

„Добив план кој морав строго да го почитувам. Немаше простор за импровизација или ’само денес ќе се почестам’. Сè беше под контрола,“ вели таа.

Advertisement

Првата промена била радикална, целосно ги исфрлила слатките, тестенините, газираните пијалаци и масната храна. Наместо тоа, нејзиното мени го сочинувале свежа риба, сезонски зеленчук, природно цедени сокови и голема количина вода.

принтскрин инстаграм

„Нема магија. Сè е работа на дисциплина и конзистентност. Првите денови беа најтешки, но кога почнав да гледам резултати, добив дополнителна мотивација,“ открива Александра.

Со ваквиот режим, килограмите почнале брзо да се топат. За релативно кратко време успеала да се врати на својата стара тежина, а изгледот повторно станал една од нејзините најсилни страни.

„Кога застанав на бина по првото породување, чувствував дека сум повторно ’јас’. Не само што изгледав подобро, туку и енергијата ми се врати,“ изјави пејачката.

Нутриционистите со кои работела нагласиле дека тајната не е во екстремните диети, туку во балансирана исхрана, умерени порции и редовно движење.

Приказната на Александра Пријовиќ е инспиративна за многу мајки кои се борат со вишокот килограми по бременоста. Таа отворено зборува за тоа дека дисциплината и поддршката од стручни лица се клучни, а не краткорочните и ризични решенија.

„Секоја жена треба да си даде време, да биде стрплива и да не се споредува со другите. Јас научив дека упорноста секогаш носи резултат,“ заклучила Пријовиќ, која „стопила“ цели 23 килограми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button