Боки плаче на гробот кај својата пријателка – се огласи и ги шокираше сите и со деталите од Идризово (фото)
Боки откри дека во Идризово бил претепан од затворениците

Боки 13 замина во посета на Белград каде веднаш го посети гробот на својата голема пријателка, Марина Туцаковиќ.
Бојан Јовановски попознат како Боки 13 ги спакува своите куфери и замина во Белград, а првото место што го посети беше гробот на Марина Туцаковиќ и на нејзините синови Милош и Милан Радуловиќ.
Македонскиот шоумен пред неколку дена го најави своето доаѓање во Белград, но и дека ќе го посети гробот на својата пријателка.
Принтскрин/ ТВ Пинк
На гробот дојде во црно и со марама на главата, а кога пристигна клекна на колена и ја бакна сликата на Марина.
Потоа преку гробот истури и малку ракија, а објави и фотографија на својот Инстаграм и ја напиша следнава порака.
„Тоа што си го ветив на денот кога умре Марина додека бев во затвор, дека првиот пат кога ќе дојдам во Белград ќе го посетам гробот на Марина, за жал и на Лача и Милош, денеска си го исполнив ветувањето! Душата ми се смири, а солзите сами течеа како река! Ве сакам најмногу, Макице Жикице моја“, напиша Боки на Инстаграм скршен од болка по посетата на гробот на Марина.
На гробот беше пречекан од голем број новинари, на кои со солзи на очите им одговараше на прашањата.
Принтскрин/ ТВ Пинк
Потсетуваме, Боки во Белград беше специјален гостин во емисијата „Ами-џи шоу“ каде зборуваше за своите затворски денови.
Тој во неговата исповед откри дека присуствувал на уцена на познат бизнисмен на кого му барале 2.500.000 евра за да не му ги пуштат прислушкувани разговори, но и дека не бил директно виновен за тоа.
Инстаграм/ Боки 13
Ме вратија во стариот дел од одмазда. Таму немаше место, беше морничаво, спиев на подот. Имаше секакви работи. Од малтретирање до додворување, сè – вели Боки во емисијата додавајќи дека иако држел културна дистанца од сите, се уште има затворски пријатели, а на еден од нив, по излегување од затворот, му бил на свадба.
Принтскрин/ ТВ Пинк
Тој потоа откри и непријатни ситуации што му се случувале, но и кога бил претепан не по негова вина.
„Ме тепаа, ме тепаа. Имав јавно писмо, адреса, го објавив од затвор. Тогаш го нападнав врвот на владата што сега е заборавено минато… Се облекував секој ден како да одам во град. Седев на шеталиштето, ми пријдоа тројца Албанци… Мојот пријател почна да се тепа со нив тројцата, го тепаа, ме тепаа мене, ми ја скинаа усна, бев во болница. Ова можеби звучи интересно, но Бог да не даде на никој да му се случи нешто такво“, вели Јовановски.