Милена се прошета низ градот без градник – и светските ѕвезди можат да и завидуваат на природниот шарм
Природна убавица што плени со секое свое издание

Никогаш на изгледала поубаво
Нашата позната водителка Милена Антовска-Станковска уште еднаш покажа дека знае да го избере вистинскиот фустан за себе.
Овој пат таа ја спои елеганцијата со гламурот, но и женственоста со мала доза на провокација, но сосем доволна за да биде во центарот на вниманието и да заблеска со сиот свој сјај.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Во прашање е преубав фустан со леопард дезен во кој Милена изгледаше како холивудските диви од престижните црвени килими.
Таа оваа креација ја носеше лежерно и самоуверено, во исто време кокетирајќи помеѓу софистицираното и модерното.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Посебно внимание привлече нежниот материјал на фустанот, како и црвениот кармин и преубавата фризура.
Но бидејќи има убаво и затегнато тело, Милена може да си дозволи да облече што и да посака, па дури и еден ваков модел под кој водителката, заради потполно отворениот грб, не носеше градник.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фустанот беспрекорно ги истакна линиите на нејзиното тело и облините, а Милена во него блескаше како никогаш досега.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа целото издание го заокружи со елегантни црни сандали со штикли, но и со својата препознатлива насмевка.
Па, од 1 до 10 со која бројка би го оцениле ова издание на Милена?