Наши ѕвезди

Еве како Колумбиецот Јанко си ги полни батериите со колешката и колегите, распеани и во базенот

Неговите снимки сите ги коментираат, но овој пат посебно ги изненади претставничките на понежниот пол

Advertisement

Не сте го виделе во вакво издание

Овој музичар со потекло од Колумбија моментално е еден од омилените ликови во Македонија на социјалните мрежи.

Advertisement

Станува збор за Колумбиецот Јанко чие целосно име е Јанко Пањафорт, а кој со своите објави никого не остава рамнодушен.

Принтскрин/ Фејсбук. Колумбиецот Јанко

Имено, Јанко е вљубен во нашата народна музика и заедно со својата екипа ги воодушевува сите кога е сподели снимка на која тие свират некоја македонска песна и тоа со многу љубов и мерак.

Advertisement

Па така Јанко неодамна ги изненади Македонците кога песната „Велат не нема“ преку интернет им ја отпеа на неколкумина Грци.

Принтскрин/ Фејсбук. Колумбиецот Јанко

Соседите долго време нема да ја заборават за*банцијата што Јанко со својата екипа им ја направи, но и секој Македонец што го гледал ова видео цел живот со блага насмевка на лицето ќе се сеќава на видеото.

Како звучеше Јанко во ова издание, потсетете се тука, а во продолжение погледнете го и како се опушта.

Принтскрин/ Фејсбук. Колумбиецот Јанко

Имено, тој деновиве сподели една снимка на која заедно со своите компањони ужива во спа центар, па во ова издание им се заблагодари на сите Македонци за 20-те илјади фанови на Инстаграм.

Како ужива овој симпатичен Колумбиец кој иако нема македонско потекло ја обожава нашата народна музика, погледнете во продолжение, па во коментарите споделете со нас што мислете за него и за сето она што тој го прави за Македонија на социјалните мрежи?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button