Водителката влезе во лифтот и во ова позираше пред огледалото – еден детаљ сите ги воодушеви
Едно преубаво септемвриско издание

Познатата водителка изгледа убаво во секое свое издание
Познатата водителка од Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска, е една од нашите најубави дами од малите екрани.
Таа и по две бремености изгледа беспрекорно и на нејзината линија можат да и завидуваат и многу помлади дами.
Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Впрочем тоа можевме да го видиме и сега, кога Милена на својот Инстаграм сподели снимка направена во лифт.
Во прашање е долга креација во бела боја и со суптилни цветен дезен, а Милена го носеше со црвени штикли и бела чантичка.
Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Следуваа бројни реакции, а според многумина Милена и овој пат изгледаше како манекенка, излезена од некој моден каталог.
Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Потсетуваме, Милена од 2017 година е во брак со Гордан, а круна на нивната љубов се нивните ќерки, Лана Марија и Јоана.
И за разлика од повеќето колешки, Милена на социјалните мрежи не го крие својот приватен живот, па така често знае да сподели заеднички моменти со семејството и пријатно да ги изненади сите.
Инстаграм/ Милена Антовска Станковска
Така беше и неодамна кога сподели заеднички свадбени фотки со саканиот, а како изгледаа потсетете се тука.