Стил

Нашата Лила и на 53 години има тело од милион долари – изгледа многу помладо и позира како модел

Многу често може да ја видиме во вакво издание...

Advertisement

Никогаш поубаво и позанесно издание на водителката

Оваа наша дама дефинитивно е една од оние жени за кои велиме дека се како виното – колку се постари, толку се поубави.

Advertisement

И знаеме дека ова звучи како клише, но исто така знаеме и дека во исто време и изгледа како непобитен факт.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Станува збор за нашата водителка Лила Филиповска која веќе со децении е една од омилените дами од нашите мали екрани.

Advertisement

Но таа плени и на социјалните мрежи, покажувајќи речиси секојдневно дека во познатата фраза „50 се нови 20“ има апсолутна вистина и дека одредени жени созреваат со годините и нивната убавина не само што не бледее, туку станува уште поуверлива.

Инстаграм/ Лила Филиповска

И тука секако не мислиме само на она дека убавината е во окото на оној што набљудува, туку и на тоа дека е опиплива и доколку се негува, годините и стареењето не треба да преставува товар.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Нашата водителка е одличен пример за жена која одлично се носи со годините и која и во шестата деценија изгледа фантастично.

Инстаграм/ Лила Филиповска

И Лила за ова заслужува само пофални зборови, посебно што дава пример дека негата на духот и телото го разубавува животот.

Инстаграм/ Лила Филиповска

Па така на оваа жена никогаш не и е тешко да привлече внимание, но и да носи парчиња кои и многу помади не би се осмелиле.

Така беше и овој пат, кога се појави во фустанче со никогаш покусо здолниште, а во кое изгледаше како милион долари.

Блескаше од глава до пети и цело време не ја тргаше насмевката од лицето, а и позираше речиси од секој агол.

Како изгледаше, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

Инстаграм/ Лила Филиповска

View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button