Трогателна е најновата песна на Халид Бешлиќ – посветена на една посебна жена, додека тој се бори со здравствената состојба (Видео)
Иако јавноста е воодушевена од новата песна, загриженоста за здравјето на Халид Бешлиќ сè уште постои. Пејачот неодамна беше хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.

Познатиот пејач Халид Бешлиќ објави нова песна, која носи посебна емоција бидејќи е посветена на неговата сопруга Сејда. Нумерата „Сејда“ е дело на музичкиот директор на „Гранд продукција“ и композитор Александар Милиќ Мили, а премиерата се случи на „Јутјуб“.
Мили, кој долги години соработува со најголемите музички имиња, не ја криеше среќата што конечно направил заедничка песна со Бешлиќ.
„Имав животна желба да направам една песна со Халид Бешлиќ. Тој за мене, а и за целиот Балкан, е легенда, еден голем уметник и една човечка карпа која, еве, веќе повеќе од половина век го претставува духот на Босна и Сараево во своето најубаво светло“, објасни Мили.
View this post on Instagram
Advertisement
Тој откри дека идејата за песната се појавила пред една година, кога сфатил дека конечно има композиција која совршено би се вклопила во долгата и богата кариера на Бешлиќ.
„Долго зборувавме за тоа, но никако немав песна која совршено би се вклопила во една таква фантастична кариера. И кога се појави, ја испратив кај текстописецот Фахрудин Пецикоза. Се сеќавам, кога ме повика да ми го прочита текстот, ми се стегна стомакот, бидејќи беше создадена една реална љубовна приказна каде маж, по толку децении брак и љубов, ѝ се обраќа на својата сопруга: ‘Уште си млада, уште си убава како некогаш, Сејдо’. Тогаш сфатив дека она што е кажано е дека единственото што вреди за вечност е љубовта“ – додаде Мили.
Иако новиот „Милиграм“ албум е најавен за пред Нова година, Бешлиќ и Мили заеднички одлучиле токму оваа песна да ја претстават порано.
„Без разлика што „Милиграм“ е планиран пред Нова година, ние решивме оваа порака и оваа песна за вечната љубов да ја објавиме сега. Уживајте“, порача Мили.
„Милиграм“ е музички проект на Милиќ кој со години создава хитови за бројни изведувачи, а сега на листата се приклучува и Халид Бешлиќ со нумера која сигурно ќе стане голем хит уште оваа есен.
Иако јавноста е воодушевена од новата песна, загриженоста за здравјето на Халид Бешлиќ сè уште постои. Пејачот неодамна беше хоспитализиран поради влошената здравствена состојба.
Халид со години се соочува со бројни здравствени предизвици: има вградено два стента, боледува од дијабетес, а во сообраќајната несреќа во 2009 година го загуби едното око.
Иако пред неколку дена беше пуштен од болница по стабилизирањето на неговата состојба, Бешлиќ и натаму е под внимателен лекарски надзор и редовно оди на контроли. За него, најголема поддршка е токму неговата сопруга Сејда, на која сега ѝ ја посвети и оваа емотивна песна.