Тамара ја спушти камерата, па ги изненади сите со фотографијата – еве како се прават мускули
Не сте ја виделе во вакво издание

Нема лабаво
Нашата позната пејачка Тамара Тодевска направи селфи во необично издание во какво досега ја немате видено.
Пејачката се снимаше во теретана, па покажа како вежба и дека е решена да го доведе своето тело во совршена форма.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
И самата вежба што ја прави воопшто не е лесна, а благодарение на редовните тренинзи и тоа што води сметка за својот изглед, оваа наша популарна мама изгледа топ и по две бремености.
Имено, Тамара на својот Инстаграм не ретко споделува фотки и од приватниот живот, а сега покажа и како ја одржува линијата.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
И како што самата откри во една пригода, по породувањето таа речиси се преполови, а овие нејзини објави откриваат и во што е тајната на нејзиниот феноменален успех.
Таа овој пат ги сними своите нозе во „акција“, а потоа со една фотографија го покажа и затегнатиот стомак.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Љубов како на филм
Потсетуваме, Тамара по разводот од својот поранешен сопруг ужива во љубовта со скопскиот архитект Лука Радовиќ.
Тие веќе две години се заедно, а Лука има одличен однос и со децата на Тамара, Хана и Дарен, со кое речиси секаде одат заедно.
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Пејачката со својот сакан овој продолжен викенд беше во Маврово, па и од ова место споделија преубави заеднички моменти.
Како Тамара ужива во љубовта со својот сакан, ѕирнете во продолжение…
Инстаграм/ Тамара Тодевска
Инстаграм/ Тамара Тодевска