Новости

Спортско-музички спектакл во Глуво – награда од 350.000 денари, „Куку леле“ музички гости на финалето

Организаторите на турнирот на кој учество земаа 28 екипи ги покануваат сите љубители на фудбалот да бидат дел од традиоционалниот спортски настан, на кој победниците во големото финале, ќе добијат парична награда од 350.000 денари.

Advertisement

Организаторите го најавуваат финалето на 19-иот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Љубомир Рајчевски – Рајче“ кое ќе се одржи оваа сабота на 13.9.2025 година на стадионот во с. Глуво на падините на Скопска Црна Гора, спортска манифестација која ја негува традицијата и преку спортот ги зближува и обединува граѓаните.

За тоа најдобар пример е општината Чучер Сандево на Скопска Црна Гора, која иако мала по големина, покажува големо срце и огромно чувство за почитување и помагање востановената традиција да се одржи и продолжи. Имено во село Глуво се одржува турнирот во чест на истоимениот долгогодишен фудбалер на ФК Вардар, легендарниот Љубомир Рајчевски – Рајче, чие потекло беше токму оттаму.

Advertisement

Организаторите на турнирот на кој учество земаа 28 екипи ги покануваат сите љубители на фудбалот да бидат дел од традиоционалниот спортски настан, на кој победниците во големото финале, ќе добијат парична награда од 350.000 денари.

Покрај спортскиот, оваа манифестација традиционално има и културно-естраден карактар, така што секој турнир завршува со естрадно-музички настан, односно концертен настап на познати естрадни ѕвезди од Македонија и регионот.

Годинава по завршувањето на спортскиот дел на финалната вечер, организаторот како специјални музички гости ја најавува мегапопуларната македонска поп група „Куку леле“, која ќе го увеличи големото финале и ќе ја забавува публиката со својот двочасовен концертен настап. Присутните ќе можат да уживаат и да се забавуваат во музиката и познатите хитови на Роберт и Панки како што се: „Кучка“, „Постела од рози“, „Ти немаш појма“, „Блесава си или не“, „Кажи ми, речи ми“, “Не плачи, не жали ме“, „Ме канат на свадба“, „Остани“, „Се е против нас“, оние од периодот на „Ластовица“ како „Пушење“ и „Корпичка“, како и изведба на Панки на познати регионални естрадни поп и фолк хитови.

Advertisement

Со ова се очекува завршната вечер на турниот да се претвори во вистински спортско-естраден спектакл за сие генерации и на теренот и трибините на игралиштето за мал фудбал во с. Глуво кое собира и до 3.500 луѓе и секогаш е преполно за големото финале.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button