Појадокот отсекогаш бил основа на здравиот ден. Тој го раздвижува метаболизмот, обезбедува енергија и ја намалува потребата за прејадување подоцна во текот на денот.
Но, она што го ставате во чинијата наутро може да направи огромна разлика, зашто некои намирници делуваат како вистински „разбивачи на масти“ и помагаат да изгубите и до 3 килограми неделно.
Протеините – најсилниот сојузник
Стручњаците постојано потенцираат дека протеините се клучни за успешен почеток на денот. Јадењата богати со белковини ја зголемуваат потрошувачката на калории, го одложуваат чувството на глад и спречуваат нагли падови на енергијата.

Грчкиот јогурт и јајцата се два проверени избори. Јогуртот содржи висока количина протеини и минимално шеќери, а воедно е и лесен за варење. Истражувањата покажуваат дека оние кои го вклучуваат редовно во појадокот, внесуваат помалку калории во текот на денот и полесно слабат.
Јајцата, пак, се природен извор на биотин – витамин кој активно учествува во разградување на масти и шеќери. Најдобро е да се консумираат варени, бидејќи така го задржуваат најголемиот дел од својата хранлива вредност.
Додадете и намирници што го забрзуваат метаболизмот
Покрај протеините, постојат и намирници кои се познати по својата способност да го „запалат“, односно да го забрзаат, метаболизмот уште од утрото. Затоа, додадете ги во појадокот:
Цимет – регулира шеќер во крвта и ја намалува желбата за слатко. Додадете половина лажичка цимет во во грчкиот јогурт.
Ѓумбир – стимулира термогенеза, односно согорување на калории преку зголемување на телесната температура. Малку од свежиот ѓумбир изрендајте врз варените јајца.
Зелен чај – богат со антиоксиданси и катехини, ја поттикнува разградбата на маснотии и го подобрува варењето. Испијте шолја зелен чај за појадок.

За совршен утрински оброк, комбинирајте: чинија грчки јогурт со шака чиа семки, малку цимет и две варени јајца со изрендан свеж ѓумбир (наросен врз јајцата). Секако, освежете се со зелен чај.
Со вакви комбинации, не само што ќе ослабете без мака, туку ќе се чувствувате посити, поенергични и поздрави.