И сестрата на Андријана е жена со вонсериска убавина – позираше на море, ќе ве освои на прв поглед
И таа има по малку необична пасија

Сестрата на познатата македонска пејачка изгледа убаво и занесно како и таа, а привлекува внимание и на социјалните мрежи.
Николина, која е наша позната оперска певица привлекува внимание каде и да се појави, а ништо поразлично не е и со Инстаграм.
Нејзините објави воодушевуваат многумина, а благодарение не генетиката може да кажеме дека овие две пејачки се едни од најубавите, но и најелегантните дами меѓу познатите Македонки.
Инстаграм/ Николина Јаневска
И двете имаат скоро совршено тело, но и лице кое зрачи со посебен шарм и убавина на која ретко кој би можел да одолее.
Николина исто така се занимава со јавна работа и важи за една од нашите најпопуларни оперски певици.
Инстаграм/ Николина Јаневска
Таа досега се има појавено во бројни оперски претстави и има добиено многу награди, а од нејзиниот Инстаграм може да видиме дека има и една по малку необична пасија.
Имено, Николина сака многу да нурка, па така ова лето го помина активно на ова поле, а си доби и сертификат за нуркање.
Инстаграм/ Николина Јаневска
Како оваа наша дива изгледа во ова издание, под вода и во опрема за нуркање, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Николина Јаневска
Потсетуваме, Николина е оперска пејачка и работи во Националната опера и балет, а живее на релација Италија-Македонија.
Инстаграм/ Николина Јаневска
Инстаграм/ Николина Јаневска
Таа е омажена со Џанлука Мартиненги, диригент од Италија со богата интернационална кариера, со кого има дете.
Инстаграм/ Николина Јаневска
Николина и нејзиниот сопруг имаат дом и во Италија, но дел од годината живеат во Скопје, а во брак се од 2019 година..
Повеќе фотки од оваа прекрасна дама во продолжение: