Новости

Еве кои ќе настапуваат – Културното лето во Ѓорче Петров продолжува со нови изненадувања на сцената

Културното лето во Ѓорче Петров продолжува: Бендови, диџеј, забава за најмалите со улични артисти и анимирани филмови и за празничниот викенд.

Advertisement

Годинешното Културно лето 2025 во општина Ѓорче Петров продолжува и за време на празничниот „продолжен“ викенд.

Така, на 28 август во четврток, на денот на големиот православен празник Голема Богородица со почеток во 20.00 часот во Централниот парк во Ѓорче во рамките на нивната турнеја низ регионот, свој целовечерен концерт ќе одржат гостите од Хрватска, групата „Адонаи“ и пријателите, чии членови изведуваат поп, рок и госпел музика.

Advertisement

Следниот ден, петок, 29 август, следува уште една музичка вечер, каде граѓаните ќе можат повторно да дојдат „На свирка во Ѓорче“. Од 20.00 часот атмосферата ќе ја загре најпознатата македонска ДЈ -ка, Вера „Генерал“ Јанковиќ која со своите ДЈ сетови ќе не потсети на најголемите светски хитови од 70-ите, 80-ите и 90-ите години.

По неа, од 21.30 часот еден од најдобрите македонски клубски бендови „Деј Оф“ (Day Off) по одличниот настап на отворањето на културното лето, ќе го „репризира“ својот рок ен рол перформанс со изведба на избор од најпознатите светски, но и македонски рок ен рол класици и евергрин балади.

Претстојниот викенд од Културното лето во Ѓорче Петров во сабота, 30 август, е посветен на најмалите. Замислен како детски викенд, тој ден од 19.00 часот најмалите ќе ги забавувуваат со своите бравури и баскер магија уличните артисти.

Advertisement

По нивниот перформанс, од 19.30 часот во реонскиот парк за децата следува филмската проекција во два дела на долгометражниот анимиран филм насловен „Авантурите на Биби и Боби – Волшебната шума“.

Се на се и за празничниот викенд ( четврток, петок, сабота) Културното лето во Ѓорче Петров ќе понуди богата и разновидна програма и сполнета со многу забава за сите генерации.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button