Градоначалникот на Кавадарци му одговори на Спасен – драмата продолжува, на чија страна сте?
Тој јавно го праша Спасен дали може да донесе 50.000 луѓе во Кавадарци колку што се очекува на настапот на победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ, потенцирајќи дека „Тиквешкиот Гроздобер“ не е само настан за забава, туку има големо значење и од економски аспект.

„Може ли пејачот да гарантира дека ќе донесе барем една петина од таа бројка“, прашува градоначалникот во своето обраќање.
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски овие денови во еден свој пост јавно го критикуваше градоначалникот на Кавадарци.
Тој во својата објава на Фејсбук со која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи го спореди Тиквешкиот гроздобер со лесковачка „роштиљада“ заради тоа што на настанот главни ѕвезди ќе бидат изведувачи од соседството, наместо од Македонија.
Принтскрин/ Фејсбук
По оваа негова критика, во медиумите се огласи и градоначалникот Митко Јанчев кој јавно го повика Спасен да дојде во просториите на Општина Кавадарци и да даде одговор на неколку прашања.
Како што изјави градоначалникот за порталот Вики.мк, на Тиквешкиот гроздобер ќе настапат докажани балкански имиња кои насекаде полнат плоштади, па јавно го покани македонскиот пејач да каже во кој дел од програмата би се вклопил и колку гости би донел во градот.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
„Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ,,роштиљада” и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот? Од каде би била таа публика, со оглед на тоа што на настанот во годините наназад доаѓаат гости не само од цела Македонија, туку и од соседни земји?“, изјави градоначалникот за споменатиот портал по јавното обраќање на Спасен до него преку социјалната мрежа Фејсбук.
Тој потоа јавно го праша Спасен дали може да донесе 50.000 луѓе во Кавадарци колку што се очекува на настапот на победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ, потенцирајќи дека „Тиквешкиот Гроздобер“ не е само настан за забава, туку има големо значење и од економски аспект.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
„Колку поголема ѕвезда доаѓа, толку поголем број на гости имаме, и со тоа се поголеми и економските придобивки на нашите граѓани“, вели градоначалникот Јанчев за „Вики.мк“.
Градоначалникот на крајот повторно јавно го повика Сиљаноски да дојде и да даде одговор на неговите прашања, наречувајќи го “пејач кој се дрзна да ја навредува традиционалната кавадаречка манифестација“. Градоначалнико,исто така,т во ова свое обраќање, истакна и дека е недостојно да се потценуваат овие ѕвезди со „евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам“.
Принтскрин/ Фејсбук
Потсетуваме, Спасен во едно од своите последно обраќање Тиквешкиот гроздобер го спореди со лесковачка роштилијада.
„Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати….. Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен 🙄. Простете ако грешам. Напиша Спасен меѓу другото на својот Фејсбук со ѓто предизвика бура од реакции.
Целото обраќање погледнете го тука, а изјавата на градоначалникот Митко Јанчев за Вики, прочитајте ја тука.
Во продолжение погледнете ја и програмата на настанот, па искажете го вашето мислење за сето ова во коментарите.