Наши ѕвездиНовости

Што се крие зад скандалозната снимка што ја објави фолкерката – вистината е уште пошокантна?!

Рале откри детали од инцидентот

Advertisement

Како што откриваат медиумите, на композиторот Горан Ратковиќ Рале му е продолжена забраната за доближување.

Српскиот „Телеграф“ објави дека на Рале му се изречени нови 30 дена забрана да и се доближува на неговата партнерка, односно на познатата фолк-пејачка Ана Николиќ која го пријави за насилство.

Advertisement

Инцидентот се сучи во саботата во неговата куќа кога Николиќ го пријави композиторот во полиција.

Инстаграм

„На некој начин вистина е дека дојде до насилство, но јас веќе не знам кој е тука насилник, а кој трпи насилство“.

Advertisement

Тоа е обострано, некоја врска која е апсолутно токсична, ние не можеме да составиме ни три дена да бидеме океј. Еднаш составивме една недела, и тоа е максимум“, изјави Рале за „Блиц“, а потоа откри што се случило тој ден кога бил пријавен од пејачката.

Инстаграм

И како што појасни тој, целиот проблем настанал околу некоја девојка која што тој всушност и не ја познава.

Таа го контактирала и го прашала дали може да ја нашминка некогаш Ана бидејќи е шминкерка, а бидејќи тогаш немале потреба од тоа, и се заблагодарил на понудата и ѝ кажал дека можеби некој друг пат ќе ја побараат за услуга, што навистина и се случило.

Инстаграм

„Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ, мојот пријател Тони Бијелиќ, нè повика да дојдеме кај него во Опатија за да нè угости и да се дружиме. Потоа организираше фризер и шминкер за Ани, а јас ѝ се заблагодарив на девојката и напишав дека имаме шминкер и дека ќе ја контактираме можеби во некоја друга прилика.“

„Но таму, Ана се скара со шминкерката што ја организираше Тони и јас тогаш и напишав на девојката „Еве ти втора шанса“. Ана го прочита тоа и полуде затоа што мислеше дека имам нешто со таа девојка, а тоа нема никаква врска со животот… Тука започнува лудилото“, откри композиторот за споменатиот портал додавајќи дека тогаш Ана збеснала и почнала да крши се по дома, фрлајќи чинии кон ѕидот.

Инстаграм

Во еден момент му кажала дека ќе оди во кујната да земе нож, по што тој се исплашил, а кога се вратила, тргнала кон него.

Таа немала нож, но сакала да го удри, па тој, наводно, случајно ја удрил по лицето, а потоа ја легнал на земјата за да ја смири.

Инстаграм

„Ја молев да се смири“, изјави Рале за „Блиц“, додавајќи дека љубомората е секогаш главна причина за нивните кавги.

Снимката е стара?

Според композиторот и спорната снимка што Ана ја објави, а која ги шокираше сите, всушност не е од инцидентот од саботата.

Инстаграм

Тој вели дека снимката е направена една година претходно и дека нема никаква врска со последниот инцидент.

„Тоа е стара снимка, од пред една година, не е од сега. Тоа е одамна и нема врска со настанот за кој е обвинета. Еве и јас имам гребаници“, изјави Рале за медиумите, покажувајќи ги лузните на рацете.

„Не кажав дека немало физички контакт, но јас неа не ја претепав. Гледав колку може побезболно да се извлечам и себеси и неа од таквата ситуација. Кога ги кршеше чиниите видов дека на коленото има мала рана. Нема врска дека јас неа ја удирав, претепав, тоа нема врска“, изјави Рале.

Извор: Телеграф, Курир, Блиц.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button