Голема прослава во домот на македонската Драгана Мирковиќ, пристигаат честитки од сите страни
Пејачката се огласи со убава причина

Младата пејачка Мелиса Зијадиќ од Македонија, која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, славеше роденден.
Мелиса и покрај тоа што беше најмладата финалистка во популарното шоу, таа успеа да го освои високото петто место, а многумина ја споредуваа со балканската фолк-дива Драгана Мирковиќ.
Оваа симпатична млада дама деновиве го прослави својот 20-ти роденден, па на Инстаграм ја преплавија со бројни честитки.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Таа некои од нив сподели на својот профил на социјалните мрежи и на сите им се заблагодари на убавите зборови.
Потсетуваме, Мелиса е родена во Прилеп и потекнува од село Лажани, а пред две години, како 18-годишна девојка, ќе го воодушеви целиот Балкан и ќе остави неизбришлив печат во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Таа пее уште од своето најрано детство и нејзиниот глас најлесно се изразува преку народната музика, а нејзин идол е пејачката Драгана Мирковиќ, балканската фолк-дива со која и ја споредуваат.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Мелиса во „Ѕвездите на Гранд“ се истакна како најмлада финалистка и го освои високото петто место, истата година кога и пејачот Мики Секуловски го освои второто, а Андријана Петрушовска третото место.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Таа беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ, а по шоуто ги изненади сите и кога откри дека се сврши со своето момче.
Имено, Мелиса и Ајдин беа три години во врска пред да се свршат, а пејачката ги изненади сите со преубавиот прстен што го доби.
Повеќе за ова прочитајте тука.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ