Нашиот фолк-пејач распали жестоко, овој пат по градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев
Без влакна на јазикот

Со оваа негова објава пејачот крена голема прашина..
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски повторно со свој коментар, овој пат за еден настан што ќе се случи во Кавадарци.
Имено, Спасен го критикуваше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, затоа што за „Тиквешкиот гроздобер“ наместо да покани македонски изведувачи, поканил големи од соседството. Тој го сподели и плакатот од настанот, па го постави прашањето дали станува збор за лесковачка роштилијада или за кавадаречки гроздобер?!
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Неговиот коментар предизвика бројни реакции, па во продолжение ви го пренесуваме во целост.
„
ОШТИЛИДАЈА – ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ⁉️
Во која држава се наоѓа Кавадарци???
Во која држава е градоначалник Јанчев?
Во која држава зрее Грозјето?
Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
……И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.
Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати….. Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен 🙄. Простете ако грешам.
П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат “Кај Буки” и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот.