Ни остана уште една недела од месец август, но тоа не значи дека е крај и на нашите летни лудории.
Имено, многумина од нас на летување одат во септември, а предностите зошто овој период од годината е најубав за одмор и уживање покрај некое море, не треба да ги набројуваме, нели?
Но без разлика дали веќе сте биле на одмор или планирате да го направите тоа во следните неколку дена, или едноставно сакате да направите реприза и онака викендашки да се испружите на некоја блиска плажа, една работа која што е поврзана со вашиот хедонизам се секако и костимите за капење.
H&M
Вистински момент за шопинг
Во тек се летните попусти во многу продавници, па можеби токму сега е време и да купите уште по некое парче за на плажа.
Во сечиј плакар во секое време има место за уште еден костим за капење, и тоа е нешто што секако ќе ви се најде.
H&M
Овој пат во фокусот ни е еден модел што го пронајдовме во „H&M“ и кој едноставно не освои на прв поглед.
Перфектен модел со леопард дезен во кој дури и на плажа на Халкидики ќе се чувствувате како да сте во Сен Тропе, а во комбинација со бели ленени панталони и вашите омилени папучи може да го носите и додека го пиете вашиот коктел на некој шанк на плажа.
H&M
Или со шешир на главата се шетате покрај пристаништето и размислувате на кое место да испиете кафенце.
H&M
Во продолжение погледнете уште неколку модели на костими за капење од овој познат бренд што го има и во нашите молови.