Сопругата на Сашко Коцев се појави и го украде шоуто – актерот блеска од среќа покрај убавата докторка
Еве зошто сите се вртеа по нив

Познатиот актер блескаше покрај својата убава сопруга
Еден од најпознатите македонски актери Сашко Коцев на својот Фејсбук сподели фотографија со која сите ги воодушеви.
Станува збор за една од ретките фотографии на кои Сашко е заедно во јавност со неговата понежна половина, Смиљана.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Имено, познатиот брачен пар се појави на 20 години од премиерата на филмот „Бал-кан-кан“, така што сите погледи беа насочени кон нив.
Смиљана за оваа пригода избра преубав долг фустан со тенки прерамки и со интересен сино-зелен геометриски дезен.
Фотографијата може да ја погледнете и тука >>
Таа комбинацијата ја заокружи со тренди чанта, впечатлив накит и металик патики кои совршено се вклопија во стајлингот.
Од друга страна и Сашко со своето издание привлече внимание, а она што сите го забележаа е дека цело време се држеа за рака.
Тие изгледаа како совршено ускладен пар кој ужива во сјајот на вечерта привлекувајќи погледи со неверојатно усогласениот елегантен изглед.
Насмевките на нивните лица зборуваа повеќе од зборови – зад нив се крие долг и хармоничен брак, исполнет со љубов и взаемно почитување.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Потсетуваме, Сашко и убавата докторка Смиљана Бундовска се 13 години во брак, а круна на нивата љубов е ќеркaтa Јоана која наскоро полни осум години.
Фејсбук/ Сашко Коцев
Тие важат за еден од најшармантните, но и најскладните парови на нашето естрадно небо, а нивниот заеднички живот започна романтично, но истовремено и по малку спектакуларно, особено откако познатиот актер својата сакана ја запроси на „Златна Бубамара на популарноста“, пред целокупната македонска јавност.
Повеќе за ова прочитајте тука.