Оваа убавица се омажи за Гранд ѕвездата од Македонија – пејачот во неа се вљуби на прв поглед (видео)
За нивната свадба со денови се зборуваше...

Младиот пејач ужива во брачниот живот
Малкумина знаат дека младиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, Мите Стоиклов, од неодамна е во складен брак.
Имено, Мите кој додека се натпреваруваше во популарното шоу важеше за еден од најталентираните, но и најскромните натпреварувачи, минатиот септември својата сакана ја однесе под олтар и направи свадбена церемонија во својот роден град.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Расположениот младоженец тогаш не штедеше пари и фрлаше по музичарите (повеќе за ова ѕирнете тука), а невестата Марија Минова никого не остави рамнодушен кога се појави во преубавата венчаница во која изгледаше како принцеза.
Тие некое време беа заедно пред да решат да ја крунисаат нивната љубов со брак со што Мите ги изненади сите.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Имено, тој речиси никогаш претходно не откриваше детали од својот љубовен живот, а неговата животна сопатничка речиси никогаш претходно се немаше појавено пред камерите и со него во јавноста.
Таа и денес води мирен и повлечен семеен живот, а Мите отсекогаш од неа добивал поддршка кога е неговата кариера во прашање.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Потсетуваме, Мите покрај тоа што беше еден од најуспешните финалисти во „Ѕвездите на Гранд“, неколку години претходно се натпреваруваше, но и триумфираше во „Пинковите ѕвезди“.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Во големото финале со него цело време беше и „Пинк ѕвездичката“ и негов братучед Трајче Ѓоргиев, кој тогаш заплака од среќа.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Трајче се појави и на свадбата кај својот братучед, а како изгледаа овие среќни моменти, потсетете во продолжение…