Мажот и синот ги остави, па се вљуби во помлад маж – пикантерии од љубовниот живот на Калиопи
Ги остави сопругот и синот, па се омажи со 13 години помлад, а денес и со двајцата е мошне блиска

Македонската поп-дива Калиопи Букле се уште важи за една од омилените пејачки и тоа не само во нашата земја.
Калиопи беше и остана регионална музичка икона и една од најдобрите пејачки од поранешна Југославија.
Нејзините најголеми хитови и денес се слушаат од Вардар до Триглав, додека за нејзините концерти секогаш се бара влезница повеќе.
Инстаграм/ Калиопи
Но и покрај нејзината огромна популарност, за нејзиниот приватен живот се знае многу малку, а за нејзиниот син што го доби од првиот брак со Ромео пејачката речиси и никогаш не зборува.
Имено, малкумина знаат дека македонската дива зад себе има два брака, а од првиот и син кој се вика Пако.
Инстаграм/ Калиопи
Но Калиопи отсекогаш ја почитувала желбата на својот син, кој порасна со татко му, да не зборува за него во јавноста.
Иако е нејзината најголема љубов во животот, а истовремено и најголем критичар, Калиопи оваа негова желба и ден-денес ја почитува, па досега навистина многу ретко зборувала за него.
Инстаграм/ Калиопи
„Пако е нашиот најголем извор на инспирација и доживотно огледало на она што сме“, откри во една пригода пејачката во интервју за Гламур магазин, потсетувајќи дека со нејзиниот поранешен сопруг денес е поблиска од кога било досега и дека резултат на тоа е нивниот заеднички албум кој беше големо изненадување за сите.
„Ние работиме континуирано, без престан. Секогаш идеите, верувањата и желбата, се тие кои ни го трасираат патот до студиото. Кога имаме што да си кажеме еден на друг (музички), знаеме дека сме спремни истото да го споделиме и со другите“, изјави Калиопи за Гламур откривајќи дека за нивниот албум имале и мотив плус – нивната годишнина од почетокот на оваа вредна соработка, која трае повеќе од четири децении.
Инстаграм/ Калиопи
Потсетуваме, Калиопи во периодот на најголема слава со групата која го носеше нејзиното име, замина во Швајцарија.
Таа таму се пресели заедно со композиторот Ромео Грил, со кого го доби синот, целосно повлекувајќи се од музичката сцена.
Пејачката во Швајцарија остана десетина години и таму живееше потполно анонимен живот, но љубовта кон музиката ќе ја натера да се врати во Македонија и да продолжи со својата кариера.
Инстаграм/ Калиопи
Развод, па повторно брак
Калиопи и Ромео ќе се разведат во 1996 година, а синот Пако ќе остане да живее со неговиот татко во Швајцарија.
Но, како што самата Калиопи откри во една пригода, до повторна соработка со нејзиниот поранешен сопруг дошло заради Евровизија, кога таа му се јавила и побарала од него да ѝ направи песна.
Инстаграм/ Калиопи
Тие потоа ја продолжија соработката, а Калиопи за Ромео и денес вели дека тој е нејзиното главно рамо за плачење.
Тие и денес соработуваат и имаат одличен однос, а минатата година прославија четириесет години соработка.
Плод на оваа соработка е и нивниот заеднички албум наречен „Албум“ како круна на сето она што во минатото го работеле.
Нашата музичка икона не крие дека денес е мошне блиска и со сопругата на Ромео, за која во една пригода изјави дека се како најдобри другарки, а нејзиниот син дека има две мајки.
Инстаграм/ Калиопи
Романтичен период
Калиопи по разводот од Ромео и враќањето во Македонија ќе се омажи по втор пат, за 13 години помладиот Васил Зафирчев.
Но и овој брак, иако важеше за еден од најромантичните бракови на познатите личности на целиот Балкан, нема да трае долго, а одлуката за развод ја носат заеднички.
Калиопи денес и за двајцата свои поранешни мажи вели дека и се најдобри пријатели, а во една пригода за Гламур магазин откри и дали повторно е емотивно исполнета и вљубена во некого.
Што изјави тогаш Калиопи, потсетете се тука.