Наши ѕвезди

Ќерката на легендарниот пејач Гоце Арнаудов сподели емотивна порака – овој датум НЕ го заборава

Харита се огласи на овој важен датум

Advertisement

Посебен ден за цело семејство

Ќерката на нашиот познат фолк-пејач Гоце Арнаудов на денот на неговиот роденден се огласи со емотивна објава.

Advertisement

Да беше жив Гоце деновиве ќе го славеше својот 71. роденден, а по тој повод се огласи неговата ќерка Харита и со емотивна фотографија што ја сподели на социјалните мрежи никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

Харита сподели стара фотографија на која е со својот татко кој почина 2011 година и со која откри колку и недостига и денес.

Advertisement

„Кога животот беше песна“, напиша таа на фотографјата на која е во прегратки со својот татко.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

Потсетуваме, Харита денес живее во Охрид заедно со сопругот и нивните две ќеркички, Каја и Дора, внуки на легендарниот пејач.

Харита во една пригода откри каков бил Гоце како татко, но и дека со него отсекогаш имале другарски однос.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

„Растев во време кога се практикуваа традиционални мерки на воспитување, но татко ми никогаш не ги примени. Веројатно и немаше потреба затоа што јас и брат ми бевме доста разбрани и воспитани деца“.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

„Татко ми немаше потреба никогаш да ни се обрати на повисок тон а камо да применува порадикални мерки“.

Инстаграм/ Харита Арнаудова

„Секогаш беше со другарски однос кон нас и како награда за нашето поведение ги исполнуваше сите наши желби“.

„Тој не беше некој воспитувач затоа што таа голема должност и беше доверена на мајка ми 😁 Значи за нашето добро поведение сепак е заслужна мајка ми. Тоа што татко ми најдобро знаеше да ни го пренесе беше од областа на музиката, често знаеше да ни раскажува и приказни за нашите предци, преку тие приказни ме научи да си ги знаеме и да си ги почитуваме нашите корени а со тоа да си ја сакаме и земјата“, изјави во една пригода Харита за Гламур магазин.

Целото интервју со Харита прочитајте го тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button