MAMAБебиња

Кина создава робот-мајка што може да носи и роди бебе – почеток на крајот на природаната човечка репродукција?

Хуманоид со вграденa вештачка матка го симулира целиот процес од оплодување до раѓање, со цена далеку пониска од сурогат мајчинството, но со огромни етички дилеми.

Advertisement

Кинеската компанија Kaiva tehnoloxi (Kaiwa Technology) ја потресе светската јавност со најавата дека работи на развој на хуманоиден робот со вградена вештачка матка.

Според основачот на проектот, д-р Жанг Kифенг, целта е овој робот да може да ја репродуцира целата биолошка процедура, од оплодување, преку имплантација, па сè до целосен развој на плодот и негово раѓање.

Advertisement
анплаш

Прототипот, како што најавуваат од компанијата, би можел да биде готов веќе во 2026 година. Најавената цена е околу 14.000 американски долари, што е повеќекратно поевтино од сурогат мајчинството во САД, кое во просек достигнува меѓу 100.000 и 200.000 долари.

Оваа драстична разлика во трошоците дополнително ја зголемува привлечноста на проектот и отвора прашања за можната експлозија на побарувачката доколку технологијата навистина заживее во практика.

Д-р Жанг објаснува дека технологијата на вештачки матки е веќе доволно зрела, но новата идеја оди чекор понатаму – таа се интегрира во хуманоиден облик, овозможувајќи интеракција помеѓу човек и машина за време на целиот процес на бременост.

Advertisement

Неговиот концепт се надоврзува на претходни медицински експерименти, како т.н. „биобег“, во кој успешно билo одгледанo прерано роденo јагне во 2017 година. Но преминот од експериментални услови во технологија спремна за човечка репродукција носи сосема нови предизвици.

Реакциите на веста беа бурни. Поддржувачите сметаат дека оваа технологија би можела да биде спас за бездетни парови или за жени кои по медицински причини не можат да изнесат бременост. Дополнително, се гледа како можен одговор на глобалниот пад на фертилитетот и стареењето на населението, особено во земјите со изразен демографски проблем.

пекселс

Непредвидени последици

Сепак, етичките дилеми се огромни. Во јавноста се поставуваат прашања како: дали породувањето преку машина може да се смета за вистинско раѓање, што значи мајчинство во услови кога нема биолошки контакт со детето, и од каде би доаѓале јајце клетките и спермата во ваков процес. Дополнителен страв предизвикува можноста за појава на црн пазар на репродуктивен материјал, како и психолошките последици за децата родени преку вакви технологии.

Медицинските експерти предупредуваат дека иако вештачките матки се во состојба да симулираат многу аспекти од бременоста, тие не можат да го реплицираат комплексното влијание на мајчините хормони, имунолошкиот одговор и невролошката поврзаност помеѓу мајката и плодот.

Овие биолошки фактори се клучни за правилниот развој на новороденчето и нивното отсуство може да предизвика непредвидливи последици.

Опасен експеримент без контрола

Од правен аспект, компанијата веќе почнала консултации со властите во провинцијата Гуангдун за создавање регулаторна рамка. Тоа е потврда дека и самите истражувачи разбираат дека без јасно дефинирани закони и меѓународни стандарди, технологијата може да се претвори во опасен експеримент без контрола.

Во крајна линија, прашањето што стои пред човештвото е едноставно, но истовремено и најтешко: дали сме подготвени да дозволиме мајчинството да се пресели од биологијата во технологијата?

За некои ова претставува медицински напредок со историско значење, додека за други е почеток на крајот на природната човечка репродукција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button