Еве како Дара се подготвува за „Ѕвездите на Гранд“ – со ролексот на рацете и во костим за капење
Се шушка дека „ролексот“ што го носи познатата фолк-пејачка вреди околу 30.000 евра и дека, наводно, го добила на подарок од 23 години помладо момче

Оваа жена изгледа неверојатно за свои години
Популарната фолк-пејачка Дара Бубамара ги спакува куферите и по бројните настапи замина да си ги наполни батериите.
Овој пат пејачката избра да ужива на една од најпознатите светски дестинации, а која се наоѓа кај нашиот јужен сосед.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Станува збор за островот Миконос, каде Дара ќе се релаксира и ќе се подготви за својата нова животна улога.
Имено, таа неодамна потпиша договор со „Гранд“ продукција, така што за неколку недели ќе ја гледаме во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Но пејачката пред да започне со снимањето на епизодите од новата сезона реши да се покаже и во малку поинакво светло.
Имено, таа позираше во максимално опуштено издание истакнувајќи ги своите атрибути во преден план на фотографиите, а многумина беа воодушевени и од луксузниот хотел во кој е сместена познатата пејачка.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Потсетуваме, Дара неодамна се пофали со својот скапоцен ролекс од 30.000 евра кој наводно го добила од 23 години помладо момче.
Како што објавија медиумите, овој татин син наводно веќе подолго време и се додворува на пејачката, а таа откако увидела дека сериозно е вљубен, е се поблиску да му возврати на емоциите и љубовта.
Инстаграм/ Дара Бубамара
И откако овие гласини испливаа во медиумите, сега многумина се прашуваат дали Дара токму со него заминала на Миконос.
Инстаграм/ Дара Бубамара
Сепак станува збор за дестинација кој е омилена кај помладата генерација, но и место што е одличен избор за романса.
Ролексот што наводно го добила од помладото момче Дара го носеше и на плажа, со минијатурен бел костим за капење.
Како пејачката ужива за сите пари на ова место, погледнете во продолжение…