Метаболизмот е клучен за одржување на здрава телесна тежина, енергија и виталност во текот на денот. Кога работи оптимално, телото ефикасно согорува калории, ја поддржува мускулната маса и го одржува рамнотежниот енергетски биланс.
Но, одредени секојдневни навики, често несвесни, можат сериозно да го успорат метаболизмот. Тоа резултира со замор, натрупување килограми и нарушено општо здравје.
Научните истражувања покажуваат дека и мали промени во рутината можат да направат голема разлика.
Кои се навиките што го кочат метаболизмот?
1. Прескокнување на оброци
Кога внесувате премалку храна, телото влегува во „режим на преживување“ и ја намалува потрошувачката на енергија. Наместо строги рестрикции, хранете се почесто со помали оброци богати со хранливи материи.

2. Недостаток на сон
Спиењето помалку од шест часа дневно ги нарушува хормоните што го контролираат апетитот и согорувањето масти. Квалитетниот сон е неопходен за стабилен метаболизам и повеќе енергија.
3. Недостаток на железо, особено кај жените
Нискиот внес на железо го намалува снабдувањето на мускулите со кислород, што предизвикува умор и послабо согорување калории. Во исхраната вклучете спанаќ, црвено месо и мешунки.
4. Хемикалии и пестициди во храната
Некои состојки од индустриски одгледано овошје и зеленчук можат да го нарушат метаболизмот. Избирајте органски производи или внимателно мијте ја и лупете ја храната.
5. Прекумерна консумација на „бели“ јаглехидрати
Белото брашно и рафинираниот шеќер го забавуваат согорувањето масти. Подобра опција се интегралните житарки и протеински оброци, кои можат да го забрзаат метаболизмот и до 30 отсто по јадење.
6. Долго седење без пауза
Само 20 минути постојано седење ја намалува потрошувачката на енергија. Станувајте на секои два часа, истегнете се или прошетајте.
7. Нередовни оброци
Кога јадете во различно време секој ден, телото се „збунува“ и го забавува согорувањето калории. Обидете се да јадете во приближно исто време, а најголемиот дел од калориите внесете ги до попладне.

8. Недостаток на витамин Д
Овој витамин ја штити мускулната маса и директно е поврзан со брзината на метаболизмот. Ќе го најдете во рибата како лосос, јајца, млечни производи или преку суплементи со препорака од лекар.
9. Прекумерно консумирање алкохол
Телото прво го согорува алкохолот, а мастите ги складира. Ограничете се на повремено пиење и бирајте пијалаци со помалку шеќер.
10. Недоволен внес на калциум
Калциумот е клучен за тоа дали калориите ќе се користат за енергија или ќе се складираат како маснотии. Консумирајте млечни производи со малку маснотии, јаткасти плодови и зелен лиснат зеленчук.