Братот на починатиот Виктор Боневски објави тажна фотографија – голема болка за македонскиот фудбал
Неопислива тага – почина млад македонски фудбалер, долги години се бореше со тешка болест.

Тажна вест го потресе македонскиот фудбал
Младиот фудбалер Виктор Боневски, младиот член на Њу Старс од Ѓорче Петров, почина на своја 21 годишна возраст.
Тажната вест ја соопштија и од неговиот клуб кои со емотивни зборови и црно-бела слика со Виктор се збогуваа од него.
Принтскрин/ ФБ, ФК Њу Старс
Тажна порака објави и братот на Виктор, Даниел, кој стави црна позадина на својата профилна слика и објави фотографија со братот.
Почивај во мир, напиша Даниел во описот на фотографијата, а на неа се тој и неговиот починат брат со зборовите: Бато мој.
Од младиот фудбалер кој долго време се бореше со тешка болест се збогуваа и многу други фудбалски клубови и навивачки групи, но и многумина што го познаваа и беа блиски со ова извонредно младо момче со голем спортски дух и кое живееше за фудбалот.
Принтскрин/ ФБ, ФК Њу Старс
На Виктор многумина се сеќаваат и од пред неколку години, кога Панчо и Андреј од ДНК собира донации за негово лекување.
Принтскрин/ ФБ, ФК Њу Старс
Тие тогаш објавија и заедничка фотографија со него, а Виктор гостуваше и во неколку емисии и отворено зборуваше за својата болест.
„Ова дефинитивно е неговата најбитна „утакмица” за која сме уверени дека ќе излезе како победник“, напишаа тогаш Панчо и Андреј од ДНК, а оваа заедничка фотографија се уште стои на социјалните мрежи.
View this post on Instagram