Наши ѕвезди

Голема тага – пејачот Дарко Стојаноски сподели фотографија од својот покоен татко Никодин

Оваа фотографија покажува колку му недостига

Advertisement

„Никогаш не ќе можам да го преболам!“

Од оваа објава на пејачот Дарко Стојаноски на која е со починатиот татко на многумина им се насолзија очите

Advertisement

Македонскиот фолк пејач Дарко Стојаноски го претрпе најголемиот удар во животот кога почина неговиот татко, Никодин Стојаноски.

Фејсбук/ Дарко Стојаноски

Никодин беше брат на Војо и Билјан, легендарните македонски фолк-пејачи кои во македонската музика оставија непроценливо богатство. По нивните стапки тргнаа и братучедите Дарко и Дамјан Стојаноски, како и Влатко и неговиот брат, музичарот Златко Миладиноски.

Advertisement

Дарко на својот профил на социјалните мрежи и денес често знае да сподели фотографија од својот татко.

Фејсбук/ Дарко Стојаноски

Тоа впрочем го направи и деновиве кога со објавување на заеднички моменти од минатото се присеќава на важни датуми.

Овој пат тој не напиша ништо освен фотографијата, со која предизвика бројни реакции од неговите пријатели и фанови.

Сплотени братучеди

Потсетуваме, Дарко неодамна се појави на концертот кај својот братучед Влатко Миладиноски во Охрид.

Фејсбук/ Дарко Стојаноски

Имено, тој заедно со Дамјан Стојаноски му се приклучија на братучедот и заедно ја испеаја песната што во аманет им ја имаат оставено нивните родители, а како звучеа, потсетете се тука.

Фејсбук/ Дарко Стојаноски

Инаку, Влатко Миладиноски во една пригода откри дека всушност тие се една голема музичка фамилија од Кичево.

„Моментално важиме за една голема музичка фамилија, како продукција. Го спомнавте Дамјан, а тука е и нашиот братучед Дарко, но тој список со вокални и инструменталисти солисти од нашата фамилија е доста долг и континуирано се зголемува“ сподели тогаш Влатко за своето големо семејство од Кичево, во интервју за Гламур магазин.

Целото интервју со Влатко прочитајте го тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button