Каролина облече тесен фустан, па заедно со ова момче го запали интернетот – никогаш НЕ изгледала поубаво
Блескаше од глава до пети

Пејачката Каролина Гочева ги изненади сите со ова издание
Нашата позната пејачка Каролина Гочева по спектакуларниот концерт во Струмица (види тука), повторно ги изненади фановите.
Но овој пат таа се појави во тесен фустан во мој изгледаше како манекенка излезена од модните писти.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Станува збор за тесна креација во нежна белузлава нијанса која Каролина ја носеше со елегантни сандали и преубава шминка.
И додека за нејзиниот стајлинг главен виновник беше стилистката Јована Зука, за нејзината насмевка и фризура се погрижи еден од омилените фризери на многу Македонки, атрактивниот Октај Сејди.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина сподели и неколку фотки со него, на кои пејачката блеска од глава до пети и зрачи со својата елеганција и шарм.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Потсетуваме, каролина неодамна се врати од одморот во Италија, каде беше во посета на едно необично место.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Но она што сите ги изненади беше како изгледа во костим за капење, па со овие фотки никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Како нашата поп-дива изгледаше и во едно вакво издание, без гламурозни фустани и скапи детали на себе, погледнете тука.