Македонската дива се појави и им го украде шоуто на колешките – незборавна вечер, само убави лица
Каролина направи „лом“ во Струмица, ова е настан за паметење

Македонската поп-два Каролина Гочева имаше спектакуларен настап во рамките на „Струмица Опен фестивал“.
Таа настапи пред бројната публика, a колку струмичани ја обожаваат и уживаа во нејзините песни, пејачката покажа и овој пат.
Каролина во текот на летото има бројни свирки низ клубовите во Македонија, но ова дефинитивно беше еден од нејзините најдобри настапи, за што од публиката беше наградена со овации.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Цела вечер се играше и се пееја нејзините најпознати хитови, а пејачката ги изненади сите и со својот стајлинг.
Впрочем како и секогаш, каролина и овој пат блескаше од глава до пети, а во фокусот беше нејзиното беспрекорно тело.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Носеше интересни панталони и широка блуска, а со својот енергичен настап буквално направи лом додека ги пееше хитовите…
Инстаграм/ Каролина Гочева
Потсетуваме, Каролина неодамна сподели неколку фотографии од одморот на едно прекрасно место во Италија, а оние на кои македонската дива позираше во костим за капење се уште се вртат и се хит на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Каролина Гочева
Инстаграм/ Каролина Гочева
Имено, Каролина покажа дека изгледа совршено и нема ниту еден грам вишок на себе, а како изгледаше, потсетете се тука.
@macedonian_girl_19 #karolinagoceva #live #strumicaopenfestival #makedonija #foryou