Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда по разводот покажа со што располага – жените си го кажаа своето мислење

Под секоја своја објава добива комплименти од дами, а отсекогаш важел за вистински џентлмен.

Advertisement

А сега со една фотографија покажа и зошто важи за еден од омилените пејачи меѓу претставничките на понежниот пол.

Пејачот Ален Хасановиќ беше и остана една од најзабележителните „Гранд“ ѕвезди, познат и надвор од Македонија.

Advertisement

Тој додека се натпреваруваше во популарното музичко шоу важеше за еден од најзгодните, така што големо изненадување беше кога откри дека е лудо вљубен и дека ќе застане на лудиот камен.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Потоа следуваше и венчавка и тоа како во турските серии, но и уште поголемо изненадување за сите, а посебно за дамите.

Advertisement

Имено, Ален во мај 2024 година организираше голема свадба и зачекори во брачните води со својата убава сопруга Аида.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Тие најпрво направија шеријатска венчавка за која пишуваа и медиумите од соседството, а по свадбата следуваше и меден месец.

Но по неполни две години брак како гром од ведро небо одекна веста дека Ален се разведува и продолжува „соло“ во животот.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Овие информации потоа ги потврди и самиот Ален огласувајќи се на Инстаграм и откривајќи дека повеќе не е со својата сакана.

„Да, точно е. Мојата сопруга и јас веќе неколку месеци не сме задно. Секој тргна по својот пат и така и двајцата сме посреќни“, напиша Ален тогаш на крајот од објавата што ја сподели на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Ова беше големо изненадување за сите, посебно што тие и двајцата претходно често споделуваат заеднички фотографии кои секогаш зрачеа со љубов, а и Хасановиќ важеше за голем романтик.

Но тој и денес е таков, а со своите песни, но и објави на социјалните мрежи продолжува да ги освојува женските срца.

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Така беше и неодамна со една фотографија на која го покажа своето мускулесто тело, па си доби бројни комплименти од дамите.

Како Ален изгледаше во ова свое издание, но и кога е стокмен од глава до пети, погледнете од фотките во продолжение:

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Инстаграм/ Ален Хасановиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button