Најголемиот остров на змиите во Европа се наоѓа во Македонија – мистериозна дестинација што ова лето ги освои регионалните медиуми
Мал по големина, но огромен по природно и историско значење, овој мистериозен остров крие илјадници змии, ретки животински видови и остатоци од древни цивилизации.

Ако барате бегство од туристичките гужви и предвидливите летни дестинации, а притоа не се плашите од змии, само да ве потсетиме – постои место во Македонија кое ветува авантура каква ретко се доживува. Ова лето токму овој македонски остров ги заинтересира регионалните медиуми за кои почнаа „на големо“ да пишуваат.

Станува збор за Голем Град, познат и како Осторв на змиите.
Advertisement
Сместен во срцето на Преспанското Езеро, на границата со Грција и Албанија, Голем Град – познат и како „Островот на змиите“ – е природно и историско богатство кое регионалните медиуми го препорачуваат како задолжителна летна авантура.

Голем Град е остров со површина од 20 хектари, заштитен природен резерват, каде живеат околу 7.000 змии, од кои повеќе од 2.000 се поскоци, заедно со бројни ретки растителни и животински видови.
Опкружен со карпи високи до 30 метри и пристапен само со чамец од селото Коњско, островот е природна тврдина која нуди и неверојатна историја – археолошки траги од неолитот, остатоци од римска некропола, ранохристијанска базилика и неколку средновековни цркви, меѓу кои и Св. Петар, прогласена за споменик на културата.

Отворен за туристи е од 2008 година. Голем Град сè уште не е пренатрупан со посетители, а неговата уникатна микроклима и мистична атмосфера го прават омилена дестинација за биолозите, истражувачите, но и за авантуристи.

Ова е место за оние кои од летниот одмор очекуваат повеќе од лежалка и сонце, приказна за природата и историјата испреплетени на едно мало, но фасцинантно парче земја. Па, само да ве потсетиме, зошто да не го посетите и вие.