И банкарот би клекнал пред ова необично издание на Лила Филиповска – само за папучите цело богатство
Како грчка божица излезена од филмовите за Троја

Водителката ги изненади сите со ова свое издание
Познатата водителка Лила Филиповска понекогаш и со само една фотка знае да привлече внимание и да ги изненади сите.
Впрочем така беше и сега кога Лила позираше во феноменално летно издание со кое никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Овој пат во фокусот беше преубавиот фустан што го носеше, но и модните додатоци кои кај неа секогаш се полн погодок.
Имено, Лила на својот профил покажа како се облекла и со својот изглед ги „распамети“ сите, а многумина се согласија дека во ова издание изгледа како излезена од филмовите за „Троја“.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Ова пред сé се однесува на долгиот фустан кој иако на прв поглед можеби изгледа едноставно, ова лето е голем хит.
Водителката го носеше со впечатлива златна нараквица повторно во стилот на античките убавици, додека на нозете ги имаше своите омилени папучи од популарниот дизајнерски бренд.
Инстаграм/ Лила Филиповска
И додека лицето и беше речиси целосно покриено со тренди очила, Лила косата ја носеше ноншалантно врзана во пунџа.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Како водителката изгледаше во ова свое летно издание со кое никого не остави рамнодушен погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Лила Филиповска
Погледнете уште едно слично издание на Лила, само овој пат и со чанта од еден од омилените дизајнерски брендови и на светските ѕвезди.
Инстаграм/ Лила Филиповска
Прекрасно, нели?