Светлана и на прагот од шестата деценија изгледа како милијарда долари – има тело од кое боли глава!
Познатата убавица уживаше покрај водата, па го покажа телото со кое никого не остава рамнодушен

Неверојатна убавина, неверојатен шарм…
Кога е на црвениот килим изгледа како холивудските диви, но и во приватниот живот како да е излезена од некој филм…
Поранешната манекенка и бизнисменка Светлана Црнокрак со последната објава ги растресе социјалните мрежи.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Имено, оваа наша позната дама која за неколку месеци ќе наполни 50 години изгледа како никогаш да не била во подобра форма.
Таа се пофали како одмара на егзотична дестинација, а од фотките што ги сподели многумина станаа без здив.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана овој пат позираше покрај тиркизното море, во бела кошула и костим за капење кој како само за неа да беше сошиен.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Во фокусот беше нејзиното беспрекорно тело, а многумина забележаа дека на оваа жена не може да и се најде ниту една мана.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Следуваа бројни коментари на сметка н нејзиниот изглед и сите се согласни дека изгледа божествено во ова издание.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Вежба активно, се храни здраво …
Инаку, Светлана (49), како воопшто да не се променила со текот на годините, па кога сака може да се пофали со својата брутална линија и да објави фотографии со кои никого не остава рамнодушен.
Нејзиното тело и по две бремености изгледа феноменално и како да е во своите најдобри години, а неодамна во интервју за Гламур магазин, Светлана ја откри тајната на својот беспрекорен изглед.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
„Искрено за мене не постои неубава жена. Секоја жена е убава на свој начин. Но, сепак со текот на годините таа убавина треба и да се одржува и негува, особено кога вашата професија е јавна и кога едноставно сте пример за тоа што го работите“ изјави тогаш Светлана, па ги спомена и своите две ќерки, Моника и Нина.
Фејсбук/ Светлана Црнокрак
„Кога се сака се се може, првенствено заради себе. Спортувам, вежбам активно, се хранам здраво и секако посетувам салони за убавина и нега. Без разлика на годините и обврските, секогаш се трудам да најдам време и за себе, едноставно така се чувствувам убаво, а на тоа ги учам и моите ќерки, да се сакаат себе си, да водат грижа за својот изглед, да живеат здрав живот#, изјави Светлана.
Целото интервју со неа прочитајте го тука>>