Наши ѕвезди

Влатко се качи на тапаните и го завиори знамето што секој Македонец го обожава – момент што импонира

Од Пирин, па преку Солун, од Мелбурн, па се до Охрид – овие песни се пеат со многу љубов и емоции

Advertisement

Концерт за паметење

Пејачот Влатко Миладиноски неодамна направи концерт за паметење во Охрид за што сведочат и бројните снимки.

Advertisement

Имено, и неколку дена по концертот во Античкиот театар на социјалните мрежи се уште се вртат снимки од неговиот настап.

Принтскрин/ ФБ, Влатко Миладиноски

На концертот седиштата беа полни до последно место, а ова секако е податок што треба да ги радува сите што ја сакаат неговата музука.

Advertisement

Влатко задно со својот брат Златко и неговиот голем оркестар со ова покажаа дека и нашите изведувачи можат да направат концерт за паметење, со македонска музика, што секако треба да ги импонира.

Принтскрин/ ФБ, Влатко Миладиноски

На концертот се појави и нивниот колега од Кичево, Спасен Сиљаноски, а секако и братучедите Дамјан и Дарко Стојаноски.

Музичката ѕвезда ги редеше своите хитови, а еден од најемотивните моменти беше и кога ја запеа „Од там се гледа Пирин планина“.

Принтскрин/ ФБ, Влатко Миладиноски

И како што и самиот Влатко сподели со видеото на социјалните мрежи, ова беше посебен момент и за него.

Посебно што сите Македонци, од сите генерации застанаа и запеаја во еден глас заедно со Влатко, на кого му го дадоа знамето со Сонцето од Кутлеш, па Миладиноски со него се качи на тапаните.

„Секоја нота ја носи тежината на нашата историја, секој стих – љубовта кон Македонија. Тапаните одекнуваа од Охрид па се до Солун и Пирин“, напиша Влатко во објавата со видеото од својот настап.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

A еве како звучеше и „Велат не нема“…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button