Благоја Грујовски со полни раце бакшиш, распеан покрај згодната колешка – свадба што не се заборава
Ги кренаа гостите на нозе, со братот Јане Рафаиловски

Музичарите расположени, гостите разиграни…
Сузана Гавазова објави снимка на која се гледа како задно со своите колеги прават фешта на една свадбена церемонија.
Познатата фолк-пејачка е поприлично позната и на социјалните мрежи, а со своите објави често привлекува внимание.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа најпрво сподели една фотографија на која позираше во костим за капење, а потоа и неколку снимки од една свадба.
На фотографиите и снимките пејачката е со колегите Јане Рафаиловски и Благоја Грујоски со кои често настапува.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
„Луда забава со братот Јане Рафаиловски“ напиша Гавазова на една заедничка фотографија на која е со колегата.
Таа потоа сподели и снимка на која играат заедно со Грујовски, додека гостите се фатени на оро и се веселат.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова на секоја веселба знае да ја подигна атмосферата, а кога е со овие свои колеги забавата е и повеќе од загарантирана.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Благоја на една од овие фотографии е и со полни раце бакшиш, што покажува колку публиката го сака и цени неговиот труд.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Од друга страна Гавазова привлече внимание и со своето прекрасно издание, додека Благоја беше облечен во црно од глава до пети. Тие и двајцата беа расположени до максимум, а на снимките јасно се гледа и како гостите се веселат и заедно со нив ги пеат песните.
Инстаграм/ Сузана Гавазова
Снимката од нивниот настап погледнете ја на крајот…